Видео вести

(ВИДЕО) Тине Крачун: Да се остане конкурентен на пазарите во ЕУ

12 јун 2019

Во период кога на политичката сцена е актуелно прашањето за добивањето на датум за преговори на Македонија со ЕУ, Тине Крачун, директор на Институт за стратешки решенија од Словенија, на 5. FMCG Summit во Скопје, зборуваше за предизвиците и можностите на македонските компании на пазарот со 500 милиони потрошувачи.

Предизвиците на компаниите од земјите кои се пред влез во ЕУ се како да останат конкурентни на пазарот и како ќе ги имплементираат сите стандарди кои ги бара Европската Унија.

Компании од земјите-членки на ЕУ кои успешно се позиционирале на овие пазари ги имале следниве три карактеристики: биле најдобро подготвени да се приклучат и да наоѓаат нови потрошувачи, најдобро ја искористиле фазата на дигитализација, бидејќи кога ќе влезеш на толку голем пазар дигитализацијата е најважен дел и начин како да дојдеш до нови потрошувачи, и трето начинот како го искористија и како ги променија своите работни процеси и синџирите на снабдување и во работата со новите пазари, објасни Крачун



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...