Регионални самити

Петтиот FMCG Самит во Белград собра над 480 учесници

10 јан 2019

Во организација на магазинот InStore - Србија, на 22. ноември 2018-та година во Белград се одржа петтиот Самит посветен на секторот стоки за широка потрошувачка. На Самитот присуствуваа 480 учесници од 7 земји.

Учесниците дискутураа на следниве теми: приватни трговски марки, моќни брендови, е- трговија, развој на дисконтите во централна и источна Европа, иновации во секторот, патот кон рускиот пазар..... Според првичните впечатоци, ова беше уште едно многу успешно собирање на FMCG и експертите од придружните индустрии.

Овие самити станаа препознатливи како централно место за собирање на трговците, производителите и дистрибутерите не само во Србија, туку и во регионот. 

Конференција та секоја година се одржува и во Македонија, во организација на магазинот InStore - Македонија.

 

tags: