Работење

Дигитална трансформација на царинското работење: Дали сте подготвени за новите процедури и системи?

16 окт 2019

Со модернизацијата на царинското и шпедитерското работење се отвори простор за развој на софтверски решенија кои би овозможиле поедноставна и побрза комуникација со новиот систем СОЦДАД

Автори: Стеве Наќевски, софтверски инженер и консултант за развој на решенија, и Мартин Максимовски, консултант за ИКТ и клауд-технологија, „Семос“

Со почнување на оперативната примена на новиот систем за обработка на царински декларации и документи СОЦДАД почна и дигитализацијата на царинското работење во Македонија. Целта на овој систем е да ги замени царинските постапки што се базираат на хартија со електронски царински постапки и да го олесни начинот на пресметка и наплата на царинските давачки.

Овој процес, со кој се модернизираат и олеснуваат царинското и шпедитерското работење, сам по себе отвори простор за развој на софтверски решенија кои би овозможиле поедноставна и побрза комуникација на шпедициите и царинските складишта и новиот систем СОЦДАД.

Софтверот директно комуницира со системите во Царинската управа на принципот system to system, без притоа да има потреба од користење дополнителни алатки...

Новите решенија, за царинско работење, се очекува да бидат модерни, компактни софтверски решенија, целосно интегрирани со системите на Царинската управа (СОЦДАД, ИТО, EXIM...), кои првпат се појавија на пазарот во март 2019 година.

Целта на решението е да им овозможи на шпедициите и другите корисници на новиот систем СОЦДАД од едно место, со користење само еден софтвер да ги завршат царинските постапки, од поднесување царински декларации и акцизни документи до пресметка на царински давачки, завршување на постапките и фактурирање на крајните корисници за нивните услуги.

Ова е овозможено од системите во Царинската управа на принципот system-to-system, а преку софтверот директно се комуницира со системите без притоа да има потреба од користење дополнителни алатки, како веб-прелистувачи и сл.

Едно вакво решение треба да биде поткрепено од опсежна анализа на пазарот и да ги опфати сите проблеми со кои се соочуваат корисниците на веќе постојните софтверски решенија од овој тип и да се уочат и надминат нивните недостатоци.

Модерните решенија секако треба да бидат развиени во соработка со корисници што имаат искуство во шпедитерското работење и воедно можат да дадат повратна информација за подобрувања и унапредувања.

Благодарение на овој пристап, начинот на работа и постојната посветеност кон развојот на софтверот, вклучувајќи ја и поддршката од клиентите, едно стабилно софтверско решение лесно ќе се постави како пример за користење од голем број корисници во Македонија.

Решението им овозможува на шпедициите и другите корисници на новиот систем СОЦДАД со користење само еден софтвер да ги завршат царинските постапки, од поднесување царински декларации и акцизни документи до пресметка на царински давачки, завршување на постапките и фактурирање на крајните корисници за нивните услуги.

Најголема придобивка од користењето на ваков нов модерен систем е значително олеснетиот начин на пополнување и поднесување царински документи, што овозможува намалување на времето потребно за изработка на една царинска декларација, а тоа автоматски значи заштеда на време и пари за корисниците. Една од клучните функционалности што се незаменливи е следењето на статусот на поднесените декларации без корисникот да го напушти софтверот. Со ова би се олеснило добивањето реален статус на поднесената декларација во реално време, добивање информација дали стоката е увезена/извезена, дали се чека на плаќање, контрола и сл., како и проверка на причините за одбивање на декларацијата.

Интеграцијата на модерните технологии во царинското работење вклучува и премин кон мобилни технологии. За да се овозможи побрзо и навремено следење на статусот на декларациите на корисниците, новите решенија треба да вклучуваат и мобилна апликација која ги прикажува сите промени во статусот на декларациите на мобилен телефон.

Едно вакво решение, базирано на модерни технологии, секако треба да е во постојан развој и да ги следи сите промени во законите и регулативите за царинско работење.

Со имањето и доставувањето навремени, точни и сигурни податоци на корисниците на еден ваков софтвер се овозможува поедноставен и полесен пристап на работа, каде што сите потребни податоци од почеток до крај на процесот на работењето се собрани на едно место, односно во една програма за работа.

За компанијата:

„Семос“ е водечки провајдер на ИТ-решенија и услуги во регионот, со присуство на пазарот од 35 години. Во областа на софтверски решенија „Семос“ развива сопствено решение за шпедитерско и царинско работење - TsTrader.

Секој корисник што сака да ја испроба апликацијата TsTrader може да се регистрира за тест-период од еден месец на веб-страницата www.tstrader.mk и ќе може да поднесува реални декларации на продукциската околина на СОЦДАД или да го тестира софтверот со поднесување декларации.

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...