Работење

Антонио Зрилиќ: Фокусирање на производите што носат добивка

24 јун 2019
Ниту една сериозна компанија не може да си дозволи луксуз-производите што кумулативно прават 80% од продажбата или од добивката да ги третира како тие што прават 5% или помалку
 
Автор: Антонио Зврлиќ, „Логико“
 
Во неколку продолженија се обидуваме да одговориме на прашањето како подобро да управуваме со залихите? Во овој број продолжуваме да зборуваме за анализата ABC и особено за нејзината интерпретација.
Уште еднаш да потсетам дека во светот нема „фер“ дистрибуција. Дистрибуцијата на работата, добрата, производите и сл. е асиметрична. Таа асиметрија ја открил Дерек Прајс, британски физичар, историчар на науките и информациски научник. Тој открил нешто за своите колеги во академската заедница. Забележал дека секогаш има неколку луѓе што доминираат со публикации во рамките на одредена тема. Исто така, открил дека првите 1 отсто од граѓаните поседуваат колку и цела долна половина (50 отсто) од граѓаните; 85 најбогати луѓе поседуваат онолку колку 3,5 милијарди најсиромашни. Мал број музичари ја сочинуваат речиси целата комерцијална музика. Замислете го ова - 4 композитори на класичната музика (Бах, Бетовен, Моцарт и Чајковски) ја напишале речиси целата музика што ја изведуваат денешните оркестри. Милион и половина наслови на книги се продаваат секоја година, а само 500 се продаваат подобро од другите 100.000 копии. 
Меѓутоа, нас нè интересира законот што тој го извлекол од сето ова, а тој (Прајсовиот закон) вели: 50% од работата го извршува квадратен корен од вкупниот број луѓе (ресурси) кои учествуваат во работата. Кога тоа ќе се стави во табела, таа би изгледала вака:
 
 
Вкупно учествуваат                             10 20 50       100
50% од работата извршуваат               3         4         7          10
50% од работата извршуваат 7 16      43          90
 
Овој закон го надополнува Паретовото правило или ако сакате Паретовото правило го надополнува Прајсовиот закон, па ако во овој закон го замените зборот „личност“ со „производи“, тогаш тој еднакво вреди и во поглед на вашите залихи. Јас го тестирав овој закон на проекти за оптимизација на залихите кај сите клиенти и законот функционира така што 50% од работата (прометот) се прави квадратен корен од производите на складиште.
 
Да се вратиме повторно на Паретовото правило и на анализата АBC. Што уште може да извлечеме од оваа анализа? Со оглед на тоа што сите производи не се еднакво важни, не може да им даваме еднакво време кое ќе го трошиме на нив, на нивната анализа и нарачување. Оваа алатка и оваа анализа ни помага да се концентрираме на најважните производи (т.е. оние што ни носат најголема корист преку прометот или преку маржата) и да дефинираме различни пристапи за секоја група. 
 
Ниту една сериозна компанија не може да си дозволи луксуз-производите што кумулативно прават 80% од продажбата или од добивката да ги третира како тие што прават 5% или помалку. Замислете колку само време трошите на производите, доставувачите или на купувачите кои се целосно неважни и/или непрофитабилни. Една клиентка, која е раководителка на логистиката во производствена компанија, ми се пожали дека има проблеми со преголеми залихи и бараше совет, бидејќи не знаеше од каде да почне. Колега од компанијата - нивен принципал и сопственик од Италија - ја советувал ако сака да ја оптимизира залихата, мора да направи анализа АBC. И јас ја направив анализата и сега што? И навистина, анализата само по себе не е доволна. Тоа што е потребно по анализата АBC е да се интерпретираат резултатите и да се донесе одредена одлука која ќе ги намали трошоците, ќе го скрати времето за нарачување или да ги поедностави процесите поврзани со залихите или сè од горе наведеното.
 
Важи генерално правило дека за производите А ќе правиме детална анализа и често детално ќе се ажурираат податоците за побарувачката, додека за производите B ќе правиме рутинска контрола и ажурирање. Производите C можеме периодично да ги анализираме и да ги ажурираме.
Пример за анализа ABC и примена на резултатите:
Кај еден клиент кој се занимава со дистрибуција на земјоделски машини, резервни делови и потрошен материјал и алат, преку оваа анализа утврдивме дека вработените трошеле многу време на производи кои сочинуваат мал или незначителен промет и разлика во цена. Резултатите од анализата ABC во таа компанија за категоријата резервни делови покажаа распределба според класификацијата ABC:
Анализа ABC за резервни делови според прометот
Број на производи Број на производи во % Промет во %
A 360 15% 80%
B 594 25% 15%
C 1423 60% 5%
2377 100%
Анализа ABC за резервни делови според RUC
Број на производи Број на производи во % Промет во %
A 341 14% 80%
B 582 24% 15%
C 1454 61% 5%
2377 100%
 
Анализата покажа, како што може да се види од приложените табели, дека за 80% од прометот одговорни се 15% производи или 360 производи според класификацијата по приходи, односно 341 според класификацијата по RUC, од вкупно 2.377 производи; од 24 до 25% од производите или околу 600 производи прават 15% промет; и од 60 до 61% производи или повеќе од  1.400 производи прават само 5% промет.
 
Пред оваа анализа личноста задолжена за нарачување поминувала низ сите овие производи (не само во категоријата резервни делови, веќе во сите категории) еднаш неделно. Тоа била заморна работа која барала многу и одземала многу време. По податоците добиени со оваа анализа менаџментот на оваа компанија донел одлука еднаш неделно да се нарачуваат само производите А (360 производи во категоријата), а за другите производи (кои спаѓаат во категориите B и C) еднаш месечно. Оваа одлука ѝ донела на компанијата големи заштеди на време и можност за фокусирање на дополнителното време на производите од категоријата А, кои бараат повеќе кога е во прашање предвидувањето на иднината на продажбата (повеќе за таа категорија ќе објаснам кога ќе напишам за анализата XYZ).
 
Анализата ABC може да се прави не само според критериумот на вредноста на продажбата, туку и според критериумот вредност на вкупната маржа (или популарно RUC - разлики во цената), така што може да ја следиме важноста на одредени производи во однос на маржата која се создава во текот на одреден временски период. Што се однесува на распоредот на производите во однос на различни критериуми, може да се каже дека производите се прилично рамномерно распоредени, односно структурата на производите според двата критериума (RUC и вредноста на продажбата) би требало да биде приближно изедначена (што е видливо од нашиот пример). Треба да се напомене дека кога се работи оптимизација на складиштето, тогаш анализата ABC се прави со критериумот фреквентност, не според вредноста, бидејќи во складиштето се мери колку трансакции имал еден производ или допири со рацете на магационерот. Меѓутоа, тоа е една сосема друга приказна што ќе ја раскажеме нареден пат. 
 
Низ неколку следни продолженија ќе се обидеме да го покажеме вистинскиот пат по кој треба да се тргне во компанијата и да се одговори на прашањето како е подобро да се управува со залихите во неколку чекори.