Анализи

Високи перформанси и разумни цени на средствата за чистење

17 апр 2019

Брендовите треба да размислуваат за транспарентноста како начин на едукација на потрошувачите, а треба да бидат подготвени и на новиот начин на размислување кога е во прашање чистењето на домот - превентивно одржување со помош на производи со пробиотици.

Приреди: Алма Растодер, alma@instore.mk

Индустријата за производство на средства за чистење на домот и минатата година се соочуваше со многубројни предизвици.

И покрај релативната тенденција за конзервативност во критериумите што потрошувачите ги имаат при изборот на производи за чистење и нега на домот, сепак, експертите очекуваат дека иновациите ќе играат клучна улога. Иновативните решенија ќе бидат користени за да се надминат предизвиците со промена на потрошувачките трендови, еколошките прашања и побарувачката на производи со високи перформанси, а по разумни цени. Иако веќе познатите брендови имаат исклучителна предност со оглед на влијанието врз изборот на потрошувачот, сепак диверзификацијата на побарувачката може да биде можност за новите брендови да им го привлечат вниманието на нови потрошувачи нудејќи им најсовремени иновации.

Истражувачката агенција „Минтел“ објави неколку трендови што ја обележаа 2018 година, а се поврзани за средствата за хигиена во домот и средствата за перење алишта.

1. Од зелено до природно

Како што потрошувачот бара повеќе информации за состојките во храната и во категоријата производи за убавина и лична нега, тој го очекува истото и од брендовите за чистење на домот. Транспарентноста ќе се издигне и над регулираните прописи и ќе биде можност за пораст на ангажираноста и лојалноста на потрошувачите.

Што е значајно сега

82% од потрошувачите на средства за чистење површини во Шпанија сметаат дека брендовите треба јасно да покажат како и во која мера нивните состојки се безбедни;

77% од потрошувачите на производи против штетници од САД се изјасниле дека се загрижени за состојките што ги има во овие производи;

65% од потрошувачите на детергентите за миење садови во Кина велат дека вреди да се потрошат повеќе пари за природни производи.

Што е следно

Целосно откривање на листата на состојки. Брендовите градат доверба преку откривање на сите состојки, па дури и контроверзните. Програмата на „СЦ Џонсон“ - „Што има внатре“ ги открива состојките и нивната функција, но зборува и за негативните ефекти врз здравјето, за да се стави и ризикот во контекст.

На зелените брендови им требаат етички компании-мајки. Повеќе зелени, ниша брендови се купени од глобални компании-мајки. Како што истражувачите ги истражуваат сите акционери, компаниите-мајки треба да се осигурат дека ги имаат истите етички критериуми, а транспарентноста е еден од начините да се постигне тоа.

Трговците ја обврзуваат транспарентноста за следните генерации. Целта се движи над откривањето, со целосна видливост на хемикалиите почнувајќи од производите за чистење, за бебиња, за убавина и лична нега. Трговецот работи со доставувачите за да искорени одредени хемикалии, а некои од трговците имаат вложено и по 5 милиони долари во истражувања за зелена хемија (2017 - 2022).

Приватните трговски марки имаат доказ за потеклото. „Ваитрос“ е единствениот супермаркет во Велика Британија кој гарантира дека сите млечни производи се од крави што имаат пристап до пасишта. За да го докаже тоа, пренесува снимка од фармите. Ова помага потрошувачите да се поврзат со местото на потекло на нивните јадења и пијалаци.

Етичко позиционирање. Категоријата на производи за домашна хигиена заостануваат зад производите за убавина и храната и пијалаците во лансирање на производи со човечки базирани и етички приказни.

Што мислат од „Минтел“

Важно е тоа што се наоѓа зад брендовите. Транспарентноста овозможува можност за компаниите да ги вклучат и потрошувачите во решавањето на сигурноста на состојките, но исто така е и можност за градење доверба со приказните што стојат за брендот, состојките и компаниите...

Состојките се вистински херои кои ги привлекуваат потребите/барањата на потрошувачите, а не нивните стравови. Нагласувајќи што има внатре, потрошувачите нема потреба дополнително да истражуваат, но и дополнително да се плашат од состојките.

Транспарентноста ја прави сигурноста да биде научно докажана. Брендовите треба да размислуваат на транспарентноста како начин на едукација на потрошувачите за нијансите од безбедноста на состојките. Тоа ќе ја намали потребата од навлегување во нови заблуди.

2. HomeBiome

Пробиотичката нега на домот ќе се развива така што ќе се развива размислувањето дека не треба да бидат уништени бактериите.

Што е значајно да се знае

69% од потрошувачите во Велика Британија веруваат дека изложеноста на некои бацили е здрава;

57% од родителите во САД се конкретни дека дезинфекцијата убива и добри бактерии;

64% од потрошувачите во Франција ќе платат повеќе за производи што чистат со добри бактерии.

Што е следно

Апел за пробиотиците меѓу категориите.  Производите за хигиена во домот можат да бидат комплементарни со производите за нега на лице, проширувајќи ги пробиотиците зад гостољубивиот екосистем, со повеќе холистичен пристап на меѓукатегории.

„Буртс бис“ лансира линија на шејкови со пробиотички протеини сигнализирајќи дека брендот го следи холистичкото позиционирање и сугерира можност за производите за хигиена во домот да понудат такви производи меѓукатегории.

Пробиотиците во хигиената на воздухот и заштитата од штетници. Новата генерација на производи со пробиотици вклучува неутрализатори на мирис и спрејови за заштита од штетници со пробиотичка технологија. Пробиотичкиот мирис Spray+ од Јужна Африка содржи милиони моќни живи и активни микроби, антиоксиданти и ензими за неутрализирање на мирисот, може да се испрска директно и на површини и нема штетни состојки.

Барање секундарни придобивки. Пробиотичката тоалетна хартија на „Абко“ го намалува мирисот и ги чисти цевките и канализацијата со пробиотици што се активираат во вода.

Редефинирање на здравото чистење. Потрошувачите сè повеќе ќе прифаќаат новите производни платформи кои ја менуваат дефиницијата за чистење на домот и здравје во домот. Тоа е можност за репозиционирање на пробиотичките производи како производи за дезинфицирање на новата генерација. Тие ќе се користат како превентива и за контрола на бактериите.

Лекции од суплементите и производите за нега на кожа. Пробиотиците се навистина веќе долго време игнорирани од производителите на средства за чистење и нега на домот. Треба да се развива културата за придобивките од одржување на канализацијата, но и микрофлората во домот.

Што мислат од „Минтел“

Креирањето симбиотичка врска е клучно за работењето. Брендовите за хигиена на домот имаат можност за развивање посилно здравје и благосостојба со производи кои се надополнуваат со инвестирање во пробиотици во исхраната и производите за нега на лице.

Фокус на превенција наспроти третман. Пробиотиците претставуваат можност за промена на начинот на размислување на потрошувачите, така што ќе користат производи за превенција од прашина, бактерии и лоши мириси, наместо за нивен третман/чистење.

Позиционирање на пробиотиците како нов антибактериски лек. Пробиотиците се и закана и шанса, но можат да се пофалат со можноста за убивање на бактериите со нивно одгледување.