Нови

Како успешно да управувате со брендот?

03 окт 2019

На 14 и 15 ноември, во организација на магазинот InStore, ќе се одржи дводневната работилница за бренд-менаџмент, наменета за бренд-менаџери, сениор бренд-менаџери и маркетинг-менаџери, која ќе ја води Дарко Лукиќ.

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА:

  • Како да ги користите резултатите од истражувањата на пазарот за да донесете ефикасни и ефективни одлуки;
  • Дознајте зошто продажната бренд-аналитика е најважна основа за ефикасно управување со брендoвите;
  • Совладајте ја вештината за ефикасен бренд-менаџмент;
  • Пристапи, управување и развој на противните кампањи на сосема поинаков начин;
  • Совладајте го ефикасното управување и оптимизацијата на медиумите;
  • Откријте како да го привлечете и задржите вниманието на потрошувачите, а потоа и како да го конвертирате во купување на вашите производи;
  • Дознајте кои техники од продажен менаџмент ви се неопходни за подобро да управувате со вашите брендови.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

  • Бренд-менаџери
  • Сениор бренд-менаџери
  • Маркетинг-менаџери

АГЕНДА

1. ден

  • Клучни техники и типови на истражувања на пазарот за успешно поставување на бренд и маркетинг-стратегијата;
  • Примарни, секундарни, квалитативни, квантитативни и невромаркетиншки истражувања;
  • Студија на случај: невромаркетиншко истражување и примена на тестирање на амбалажа;
  • Бренд-аналитика, основа за ефикасен бренд и портфолио-менаџмент;
  • Студија на случај: Brand Equity Destination;
  • Како успешно да управувате со процесот на креирање промотивна кампања;
  • Брифинг за креативна агенција;
  • Моделот „Brand Diamond“.

2. ден

  • Клучни медиумски индикатори за перформанс;
  • Медиумска менаџмент и оптимизација на медиа-миксот;
  • Брифинг за медиумска агенција;
  • Студија на случај: медиумски менаџмент;
  • Шопер-маркетинг: Како да победите во FMOT (First Moment of Truth);
  • Студија на случај: шопер-маркетинг, најдобрата практика;
  • Како да се инспирирате за развој, WOW иновации;
  • Студија на случај: саемот SIAL во Париз;
  • Продажни фундаменти за бренд-менаџери DPSM (distribution, pricing, shelving, merchandising);
  • Студија на случај: Пенетрирачки маркетинг.

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Дарко Лукиќ, м-р по економски науки и консултант

Вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG („ING Bank“, „Nestle Adriatic“, „Henkel CEE HQ Austria“, „Henkel Srbija“).

Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата „Henkel Srbija“. Портфолио: Persil, Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat.

Потоа, работи на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „Firma: FCB Afirma“ од Белград. Клиенти: „Beiersdorf“, „Mondellez“, „Telenor“, „Whirlpool“, „Lesaffre“, „Ikea“. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.

Моментално работи како маркетинг-консултант за водечки српски компании и невладини органи-зации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг-консалтинг, што ја има основано тој. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal). Територија: Србија.

КОТИЗАЦИИ:

  • 1 лице – 230 евра
  • 2 лица од компанија – 220 евра по лице
  • 3 лица од компанија – 210 евра по лице
  • 4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

Во котизацијата се вклучени:

  • Две паузи за кафе;
  • Ручек;
  • Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма;
  • Сертификат за успешно завршена работилница.
ЛОКАЦИЈА
„Јавна соба“

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ:

Мери Каталиниќ

е-пошта: meri@instore.mk

моб.: 071 262 441

е-пошта: edukacija@instore.mk

тел.: 02 3067 572