Свет

„Лидл“ планира да отвори 1.000 продавници до 2023 година

14 ное 2019

Германскиот синџир маркети „Лидл“ планира во следните три години да отвори најмалку 230 продавници во Велика Британија, со побрзо темпо од првично планираното. 

Раководството на синџирот маркети одлучило да го забрза планот, според кој треба да се отвараат по 60 објекти секоја година. Трговецот најави и дека во следните пет години ќе инвестира околу 17,5 милијарди евра во своите добавувачи. 

„Лидл“ својата прва продавница на британскиот пазар ја отвори во 1994 година. Од тогаш трговската мрежа на германскиот дисконтер се прошири на 760 продажни места и 13 регионални дистрибутивни центри. 

„Лидл“ вработува околу 22.500 работници. Заедно со „Алди“ држат околу 14 отсто од пазарниот удел во Велика Британија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...