Свет

Во светот се фрла една третина од храната

13 ное 2019

Се фрла една третина од произведената храна во светот затоа што се расипува поради лошо ладење, објавија присутните претставници на најголемите светски држави на состанокот во седиштето на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (FAO) во Рим. 

Министри, други претставници на влади и експерти го разгледуваа регулирањето на употребата на хемикалии за фрижидерите и уредите со климатизација, кои се штетни за озонската обвивка. Притоа, повеќе од 70 земји се обврзаа да преземат поголеми мерки за да се намали количината храна која се расипува и се фрла поради лошото чување на продуктите. Тие изразија надеж дека количината на фрлената храна ќе се намали со развој на подобри методи за ладење. 

Лошото ладење на храната доведува до губење на околу 9 отсто од расипливата храна во развиените земји и на околу 23 отсто во земјите во развој.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...