Свет

„Интермарше“ отстранува 140 адитиви

05 ное 2019

Француски „Интермарше“ соопшти дека ќе отстрани 140 адитиви за храна до крајот на 2020 година, што значи дека ќе промени 900 рецептури.

Со помош на апликација купувачите може да ги скенираат производите и да ги откријат адитивите во нив.

Денешните потрошувачи се подготвени да ги променат навиките во исхраната и да размислуваат за сопствени стандарди за производите што се подобри за нивното здравје. Преку овој глобален план на подобрување на квалитетот работевме на најдобриот начин за да ги исполниме нивните очекувања, што е можно побрзо, соопшти трговецот.