Свет

„Теско“ ќе ги исфрли брендовите со вишок амбалажа

07 окт 2019

Британскиот трговец „Теско“ објави декa ја разгледува опцијата да ги исфрли од полиците брендовите што користат вишок амбалажа.

Најверојатно ќе го задржиме правото да не ги понудиме производите што содржат вишок амбалажа што не може да се рециклира, изјави Дејв Луис, извршен директор на „Теско“. Се очекува иницијативата да почне во 2020 година.

Луис додава дека не може да се занемари фактот што веќе подолго време амбалажата на прехранбените производи е „претерана“. 

Сите знаеме каков е размерот на житарките и нивната кутија. Сите сме отвориле кеса чипс и сме се запрашале зошто пакувањето е двојно поголемо од содржината, рече тој.