Свет

Смртоносна лепра ги уништува маслинките во Европа

10 сеп 2019

Смртоносна болест на маслинките, којашто уништи милиони стебла во Италија, сега се шири и во Франција, каде неодамна на две маслинови дрва на југот од земјата била откриена бактеријата „Xylella fastidiosa“.

Оваа болест е позната како лепра на маслиновото дрво. Таа ги спречува стеблата да апсорбираат вода и за неа не постои лек или превентива.

За сериозноста на болеста говори и одлуката на надлежните да се исечат сите билки во дијаметар од четири километри за да се спречи ширење на болеста, пишува британски „Гардијан“.

Болеста, позната и како синдром на брзо пропаѓање на маслинките, напаѓа повеќе од 350 видови билки и е откриена во виноградите на Северна и Јужна Америка. Болеста ја пренесуваат инсекти коишто се хранат со соковите од билките и може да се прошири на овошките, пред се на праски, крушки, сливи и ореви.

Европската организација за заштита на билките ја прогласи „Xylella fastidiosa“ за сериозна закана за европскиот регион. Минатата година, поради оваа болест, во Италија беа исечени повеќе од милион маслинови дрвца.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...