Свет

Нова аквизиција на „Перно Рикар“

05 сеп 2019

Компанијата „Перно Рикар“ објави дека потпишала договор со кој го купува „Кастл Брендс“, производител на премиум жестоки алкохолни пијалоци, за 201,6 милиони евра. 

Аквизицијата треба да го засили портфолиото на „Перно Рикар“ со нови брендови виски, вклучувајќи ги, меѓу другите, и Jefferson's Bourbon, Clontarf Whiskey, Brady's Irish cream и Knappogue Castle.

Драго ни е што постигнавме договор со „Перно Рикар“, што е резултат на повеќемесечно планирање и разгледување на понудата од страна на нашиот Одбор на директори. Уверени сме дека трансакцијата, откако ќе се затвори, ќе им донесе и значителна парична вредност на нашите акционери, изјави Ричар Лампен, претседател и извршен директор на „Кастл Брендс“.