Свет

„Карфур“ ја удвои продажбата на органски производи

20 авг 2019

Трговскиот синџир предвидува дека продажбата на органски производи во Бразил, до 2022 година ќе достигне 116 милиони евра, односно 20% од вкупната продажба.

„Карфур“ - Бразил планира до 2020 година двојно да ја зголеми продажбата на органските производи во своите продавници.

За да ја постигне целта, трговецот ги зајакнува партнерствата со локалните доставувачи за во својот асортиман на приватни трговски марки да има поголем број органски производи по подостапни цени.

Трговскиот синџир предвидува дека продажбата на органски производи во Бразил, до 2022 година ќе достигне 116 милиони евра, односно 20% од вкупната продажба.

Според податоците на „Карфур“, 49 од 100 хипермаркети во Бразил имаат оддел за здрава храна, но повисоката цена на овие производи и понатаму е пречка за поголема продажба.

Засега, органските се за 25% поскапи од обичните производи, а целта на продавачите е да се намали процентот на 15%. Според „Карфур“ намалувањето на цената нема да влијае на профитната маржа на компанијата, поради зголемувањето на продажбата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...