Свет

Кина: Свинскиот фонд намален за третина, трговијата со месо е под закана

16 авг 2019

Свинскиот фон на Кина се намали за 32,2 отсто во јули годинава во споредба со истиот период лани, што е последица на болеста африканска свинска чума која и натаму и се шири низ земјата. 

Болеста тешко го погоди производството на свинско месо во Кина, го наруши целиот агробизнис сектор и е сериозна закана за глобалната трговија со месо. Намалувањето на бројот на свињи во јули, исто така, е подрастично од намалувањето во јуни, кое изнесуваше 25,8 отсто. Се проценува дека свинскиот фонд ќе продолжи да се намалува, а се прогнозира пад и од дури 50 отсто. 

Недостатокот на свинско месо ги зголеми цените за килограм жива мера над рекордното ниво забележано во 2016 година. Националниот просек оваа недела беше 3,34 долари за килограм свинско месо. 

Болеста се појави и во земјите од нашиот регион, во Бугарија и во Србија. Поради тоа, и Македонија времено забрани увоз на свинско месо и негови преработки од Србија, а се преземаат и други мерки на заштита. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...