Свет

„Алибаба“ е прва на листата на најдобрите 100 кинески компании

16 авг 2019

„Алибаба“, кинескиот гигант за  интернет трговија, се искачи на првото место на листата 100 најдобри кинески интернет компании, а вкупното трошење на истражување и развој на овој гигант достигна нов максимум, објави Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина.

Гигантите на друштвените мрежи Tencent Holdings Ltd и Baidu Inc го зазедоа второто, односно третото место. 

Инвестирањето во истражување и развој на најдобрите 100 кинески интернет компании во 2018 година достигна 153,87 милијарди јуани (30,38 милијарди американски долари), што во однос на минатата година е зголемување за 45,1 проценти.

Кинеските интернет компании остваруваат постојан напредок во истражување и развој, со низа меѓународно конкурентни играчи.Првите 100 интернет компании заедно имаат речиси 80.000 патенти, вклучувајки скоро 60.000 патенти за изуми.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...