Свет

Светското производство на вино руши рекорди

23 јул 2019

Светското производство на вино во 2018 година достигна највисоко ниво во периодот по 2000-та година, со произведена количина од 292 милиони хектолитри и пораст од 17 отсто во споредба со производството во 2017 година. 

Италија ја задржа круната како водечки светски производител, со вкупна количина од 54,8 милиони хектолитри.  Зад неа се Франција со 48,6 милиони хектолитри вино и Шпанија со 44,4 милиони хектолитри. 

Шпанија, Италија и Франција и натаму остануваат најголеми извозници.

Надвор од Европа, производството во САД остана на вкупно 23,9 милиони хектолитри, додека Јужна Америка значителен пораст на производството со Аргентина (14,5 милиони хектолитри) и Чиле (12,9 милиони хектолитри). 

Во Кина, втора година по ред производството забележа пад од 22 отсто, односно на 9,1 милион хектолитри за периодот 2017-2018 година. 

На глобално ниво, лани беа потрошени 246 милиони хектолитри вино. САД остануваат најголем светски потрошувач, со „испинии“ 33 милиони хектолитри минатата година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...