Свет

„Нестле“ прави чоколадо што е револуција во прехранбената индустрија

17 јул 2019

Брендот KitKat почна да користи остатоци од какао за засладување на темното чоколадо, без да додава шеќер. Овој метод може да го намали количеството на шеќер во чоколадата и до 40 отсто. 

„Нестле“ од есенва во Јапонија ќе почне да продава KitKat според новиот рецепт и новата патентирана формула со помалку шеќер. Истиот процес во иднина може да се користи и за производство на млечно и на бело чоколадо.  

Индустријата за храна и за пијалоци е под постојан притисок на потрошувачите и на владите кои наложуваат производство на здрави производи поради големата стапка на дебелина и на дијабет кај населението. Затоа, потегот на „Нестле“ може да ја засили позицијата на компанијата како лидер во својата индустрија, а доаѓа по три години од пронаоѓањето на начинот со кој се менува структурата на шеќерот за да се зголеми неговата сила за засладување.   

Новото 70 отсто темно чоколадо на „Нестле“ ќе има дури 40 отсто помалку шеќер од повеќето вакви чоколади со додаден шеќер.