Свет

Компанија од САД прави милиони од „оштетена“ храна

01 јул 2019

Во САД годишно се фрлаат околу 32.000 милијарди килограми храна, затоа што имала мали оштетувања или неправилен облик. 

Таквата храна не ги исполнува стандардите на рестораните и на малопродажните ланци и поради тоа тие не ја продаваат. 

Мотивирани од оваа состојба, двајца Американци основаа компанија што продава токму таква храна, поевтина за 30 отсто, и постигнаа неверојатен успех. Компанијата се вика „Имперфект Продјус“, соработува со 250 производители од цел свет, а по 4 години постоење имаат над 200.000 корисници во 22 американски градови. 

Купувачите преку интернет страница можат да изберат меѓу четири корпи чија цена се движи од 12 долари до 40 долари за една. Можат да изберат органска храна или мешавина. Во понудата има 200 различни видови на овошје и на зеленчук, како и 50 различни видови на масло за јадење, брашно, тестенини, зачини и слично.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...