Свет

Чешки милијардер сака да го купи „Метро“

26 јун 2019

Аквизициската компанија „ЕП Глобал Комерц“, во сопственост на двајца инвеститори, Чех и Словак, достави понуда за преземање на германскиот трговски синџир „Метро“ за 5,8 милијарди евра. 

„ЕП Глобал Комерц“ веќе има сопственички удел во „Метро“ од 11 отсто. Цената на понудата од 16 евра за обична акција и од 13,80 евра за преференцијална акција претставува премија од 34,5 отсто во однос на првиот момент кога „ЕП Глобал Комерц“ ја реализираше почетната инвестиција во германскиот малопродажен синџир. 

Сопственици на компанијата се чешкиот милијардер Данијел Кретински и неговиот партнер, Словакот Патрик Ткач. Тие изјавија дека нивната понуда претставува „уверлива и единствена прилика“ за акционерите. 

Од „Метро“ одговорија дека ќе ја разгледаат понудата на двајцата инвеститори, а акционерите гио советуваат во овој момент да не ги продаваат своите удели, со коментар дека понудата не е адекватна и дека не ја претставува вистинската вредност на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...