Свет

„Амазон“ го затвора бизнисот со ресторани

12 јун 2019

„Амазон“ од овој месец ја стопира својата услуга за испорака на храна од ресторани. 

По Велика Британија, овој гигант официјално го напушти бизнисот со ресторани и во САД, откако услугата за првпат беше воведена во 2015 година. 

Минатиот месец „Амазон“ инвестираше во компанија од Лондон (Deliveroo) за испорака на храна, која функционира во 14 земји во светот, вклучувајќи ги и Франција, Германија и Австралија. 

Компанијата ќе продолжи да испорачува храна преку „Хол Фудс“, ланец супермаркети што го купи пред две години, како и преку услугата за свежи намирници „Амазон Фреш“.