Свет

„Кауфланд“ ја намалува содржината на шеќер, сол и масти

11 јун 2019

Германскиот трговски синџир „Кауфланд“ ја намалува содржината на шеќер, сол и масти во производите од својата линија приватни трговски марки. 

Меѓу новите производи се и ролни од брашно од спелта во кои има 55 отсто помалку шеќер како и органски бургери, кои содржат 51 отсто помалку сол отколку претходно.

Компанијата си постави за цел да ја намали содржината на шеќер, сол и масти во повеќе од 300 производи на приватните трговски марки, во просек за 20 отсто во периодот до 2021 година. 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...