Свет

„Реве“ тестира самоскенирање на производите

10 јун 2019

Германскиот малопродажен синџир „Реве“ најави проба за самоскенирање во одредени продавници, со цел малопродажбата да биде во тек со светските трендови

Новиот систем им овозможува на потрошувачите да го скенираат производот додека се движат низ супермаркетот, преку рачни скенери или преку своите мобилни телефони. 

Мојот скептицизам брзо исчезна, мнозинството купувачи се чесни и ги скенираат производите. Секоја недела добиваме нови корисници, изјави еден од раководителите на маркет во кој се тестира оваа технологија. 

Новиот систем значи и дека вработените во „Реве“ имаат повеќе време за сервисни задачи и за грижа за асортиманот.