Свет

„Амазон“ ќе продава свежа храна во Јапонија

03 јун 2019

Филијалата на „Амазон“ во Јапонија и „Лајф“, еден од најголемите синџири на супермаркети, ќе почнат да продаваат свежа храна преку онлајн порачки за да привлечат постари купувачи и луѓе кои поради презафатеност немаат време да пазаруваат. 

Ова е прва соработка на „Амазон“ со јапонски синџир супермаркети. „Лајф“ ќе испорача широк спектар  производи, вклучувајќи го и својот сопствен бренд, до корисниците на услуги на „Амазон Прајм“. Времето на испорака е околу два часа.

Услугата ќе биде достапна во некои делови на Токио до крај на годинава. Се очекува услугата да одговори на зголемената побарувачка на постарите лица и на луѓето кои им е тешко физички да ги посетат маркетите. 

„Лајф“ сега нуди онлајн услуга која им овозможува на корисниците пристап до речиси 6.000 производи. Сепак, компанијата успева да покрие со снабдување околу 50-60 проценти од регионот на Токио. 

Покрај ова, соработката ќе ѝ помогне на јапонската компанија да се справи со недостигот на работна сила.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...