Свет

„Лидл“ интензивно се шири на пазарот во САД

27 мај 2019

Германскиот синџирот маркети „Лидл“ до следната пролет ќе отвори уште 25 маркети на источниот брег на Соединетите Американски Држави (САД).

Со тоа, компанијата ќе ја достигне бројката од вкупно 100 маркети во САД, со доцнење од две години по првично планираниот термин.

За новите објекти се избрани локации во Њујорк, Мериленд, Пенсилванија, во Северна Каролина и во Јужна Каролина. За разлика од претходно, кога концептот на „Лидл“ беше големи маркети надвор од урбани средини, сега компанијата се фокусира на помали маркети во раздвижени места. 

Најголем конкурент на „Лидл“ на американскиот пазар му е синџирот „Алди“, кој таму е присутен од 1976 година со близу 2.000 продавници. „Лидл“ почна да го освојува овој пазар од 2017 година. Тој ги натера конкурентите да ги намалат цените на одредени производи и до 50 отсто. 

   

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...