Свет

И Италија отвори истрага против „Амазон“

17 апр 2019

Италијанскиот трговски регулатор почна истрага против  „Амазон“ за можна злоупотреба на доминантната позиција во интернет трговијата и логистичките услуги.

Гигантот за електронска трговија е осомничен дека одобрил преференцијален третман на својата платформа под услов тие да се претплатат на нивните логистички услуги. 

Италијанските регулатори сметаат дека ваквите практики ќе му овозможат на Amazon неправедно искористување на својата доминантна позиција во сегментот на платформата за интернет трговија со цел значително да ја ограничи конкуренцијата. Таквите постапки на крајот ќе им наштетат на потрошувачите. 

Италијанската истрага се надоврзува на истрагите на регулаторите во Јапонија, Франција, Австрија и Европската комисија, со фокус на бизнис праксата на „Амазон“ и другите технолошки гиганти како што се „Гугл“, „Еппл“ и „Фејсбук“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...