Свет

Групацијата „Баерсдорф“ лансира нова програма

15 мар 2019

Групацијата “Баерсдорф“, производител на брендот „Nivea“, очекува органски раст на ниво на група меѓу 3 и 5 отсто за 2019 година.

Слична стапка на раст се очекува и во нивниот главен сегмент - потрошувачкиот. 

Групацијата ја направи оваа проценка откако ја лансираше новата програма на стратегијата C.A.R.E.+, за која очекува дека ќе го подигне потрошувачкиот сегмент на 4 до 6 отсто годишно до 2023 година.

C.A.R.E.+ програмата е одговор на длабоката трансформација на индустријата, вклучувајќи влез на нови пазари, иновации, дигитализација и усовршување. C.A.R.E.+ е акроним за храброст (courage), стремеж (aspiration), одговорност (responsibility) и емпатија (empathy). Знакот плус ја нагласува нашата посветеност да креираме повеќе вредности и за потрошувачите и за заедницата, на долги патеки, соопштија од групацијата.