Свет

Coca-Cola, Pepsi i Nescafé се водечки светски мегабрендови

14 мар 2019

Coca-Cola, Pepsi i Nescafé ја предводат листата на 100 најуспешни FMCG брендови во светот, во смисла на вредноста на продажбата кај трговците, покажа најновото истражување на „Еуромонитор“. 

Со продажба која се движи меѓу 35 и 45 милијарди долари, Coca-Cola е на прво место. Латинска Америка беше најголем пазар за Coca-Cola, каде е остварена 40 отсто од вкупната продажба во 2017 година. 

Pepsi е на второ место, со вкупна продажба меѓу 10 и 15 милијарди долари. Овде најсилен пазар е Себерна Америка, која генерираше продажба од 4 милијарди долари. 

Nescafé е на трето место на листата на најуспешни светски брендови. Продажбата во регионот Азија - Пацифик сочинува третина од вкупната продажба на овој бренд во 2017 година.

Во сегментот пакувана храна, брендот Lay’s  изби на прво место со вкупна продажба меѓу 10 и 15 милијарди долари. Кај производите за убавина и лична нега, двата водечки брендови се L’Oréal и Nivea. 

Истражувањето на „Еуромонитор“ анализираше осум категории производи: пакувана храна, безалкохолни пијалоци, убавина и лична нега, здравје, хартиена галантерија и хигиена, одржување на домаќинство, топли напитоци и храна за домашни миленици. 

Продажбата низ малопродажните канали во сите категории, освен храната за домашни миленици, била најголема во регионот Азија - Пацифик, и овој регион е означен како клучен поттикнувач за продажба на многу од FMCG брендовите.