Свет

Полска извезла околу 3 тони сомнително месо

31 јан 2019

Полска извезла 2.700 килограми сомнително говедско месо во земјите од Европска Унија. Ова беше откриено по објавата на новинарска репортажа за компанија која убива болни крави и нивното месо го продава за исхрана. 

Кланицата се наоѓа на стотина километри североисточно од Варшава. 

Сомнителното месо било извезено во Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Латвија, Португалија и во Словачка. 

Полска годишно произведува по околу 560.000 тони говедско месо. Извезува 80 - 85 отсто од него.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...