IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Верица Мартиновска: Похрабро, појако, поупорно – се гледаме на 11 мај!

13.04.2017
 

Верица Мартиновска, главен и одговорен уредник на InStoreМакедонија

Пролет, расцветани дрвца, луѓе кои спортуваат на кеј, одат по концерти и со видеа го преплавуваат „Фејсбук". Маскирани деца за 1 Април, точаци и сонце секој ден smiley.

Истовремено, блокирана држава, со уплашени фирми и поединци.

Сѐ ова е дел од нашата чудесна Македонија. Како два паралелни светови кои наизменично ги живееме и кои на моменти неизбежно се испреплетуваат.

Во оваа уникатна констелација, ние го организираме третиот FMCG-самит, закажан за 11 мај, во „Александар палас". Можеби звучи лудо, преамбициозно, дури и надмено, можеби изгледа како да се игнорира реалноста и да се продолжува како ништо да не се случува, но дали имаме друг избор?! Не само ние, не само вие, сите заедно – немаме избор!

Единствената опција што ја имаме е да продолжиме напред. И тоа не со истите сили и темпо, туку похрабро, појако, поупорно. Да, работите одат побавно и потешко. Да, за истата работа ни е потребно дупло повеќе напор за да ја завршиме. Да, но ако сме решени, сепак на крај ќе ја завршиме. А мораме да ја завршиме затоа што регионот не стои, светот не стои... Сè оди напред и во секој од нас мораме да ја најдеме силата што ќе ги придвижи работите.

Затоа ние и оваа година за вас носиме врвни предавачи од целиот регион. Со нас ќе бидат истражувачки агенции, консултанти и FMCG-професионалци од Словенија, преку Хрватска, БИХ и Србија, до Македонија. Регионалноста која е главен адут на InStore, оваа година ќе биде главен адут и на FMCG-самитот. Сите тие со нивните инспиративни приказни гарантираат еден феноменален ден, каде сите нешто ќе научиме, на нешто ќе се потсетиме и заедно ќе се дружиме. И ќе си покажеме едни на други дека ние сме тие што не се откажуваат, дека ние сме тие што и покрај сè се жедни за нови идеи и се решени да бидат во чекор со трендовите и со иновациите.

На 11 мај сите заедно ќе покажеме дека FMCG-секторот е моторот што ја движи економијата напред и кој во сето сивило успева да ги набере плодовите на оптимизмот.

Затоа, не дозволувајте другите да ви прераскажуваат за настанот – бидете таму!


 
 
 
 
back to top