IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 13.12.2017 || „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |  Незначително намалување на цените на храната во ноември  |  „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок  |  Стопиран увозот на крекери и кекси од Србија и од БИХ  |  Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење  |  „Конзум“ и хрватските доставувачи со заедничка акција  |  „Бимилк“ прославува 65 години  |  Деловни резултати на „Кофола“  |  „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“  |  Октомвриски индекси на прометот во секторот трговија  |   ||
   

Совети: Трговија со фалсификувани производи

20.11.2017

ТРГОВИЈА СО ФАЛСИФИКУВАНИ ПРОИЗВОДИ

Можност за повреда на права и предизвик за заштита 

Повредата на правата од интелектуална сопственост претставува голем проблем за компаниите низ целиот свет. Дури и навидум безопасните социјални медиумски платформи, играат значајна улога во рекламирањето фалсификувани производи

Пишува: Марија Ќосеска, раководител на одделение за трговски марки во „Берин" и застапник за индустриска сопственост

Глобализацијата, олеснетите можности за трговија на светскиот пазар и сè поголемото економско значење на интелектуалната сопственост се двигатели на економскиот пораст. Сепак, сите тие фактори создаваат и нови можности за криминалните мрежи да го прошират обемот на сопственото дејствување, слободно користење (free-riding) на правата од интелектуалната сопственост и загадување на каналите по кои се одвива трговијата со фалсификувани производи, со кои се повредуваат правата од интелектуална сопственост.

Притоа, последиците врз економијата се сериозни. Трговијата со фалсификувани стоки не само што е штетна за економскиот развој, туку влијае и врз владеењето на правото и врз довербата на потрошувачите и на корисниците на услуги воопшто, од причина што тие производи може да предизвикаат сериозни здравствени, безбедносни и еколошки импликации. Оттука, проширувањето на обемот и на големината на фалсификувањето и на пиратеријата, а особено на трговијата со фалсификувани производи, е клучен предизвик во глобалната економија, која сè повеќе се управува од иновациите.

Во студијата на Организацијата за економска соработка и развој и на Заводот за интелектуалната сопственост на Европската Унија, која има цел да обезбеди емпириски докази за оваа закана на креаторите на политиките, се наведува дека фалсификатите и пиратските производи претставуваат 2,5% од светската трговија. Овој процент е уште поголем ако се земе предвид Европската Унија, каде што достигнува до 5% од увозот.

Анализата, која е направена во 2016 година, открива дека тие што се вклучени во трговијата со фалсификувани и пиратски производи, имаат тенденција да ги испраќаат преку комплексни трговски патишта, но и преку транзитни точки што се користат да се фалсификуваат документите и да се камуфлира оригиналната точка на поаѓање, да воспоставуваат дистрибутивни центри за фалсификувани производи и да вршат препакување или повтoрно аплицирање на трговски марки на производите.

Фалсификатите и пиратските производи претставуваат 2,5% од светската трговија. Овој процент е уште поголем ако се земе предвид Европската Унија, каде што достигнува до 5% од увозот.

Според резултатите од анализата, како врвен производител на фалсификувани стоки се јавува Кина, и тоа во девет од десет анализирани категории производи. Неколку азиски економии, вклучувајќи ги Индија, Тајланд, Малезија, Пакистан и Виетнам, се значајни производители во повеќе сектори, иако нивната улога е значително помала во споредба со Кина. Турција се појавува како значаен производител на фалсификувани производи во одредени сектори, како, на пример, производи од кожа, прехранбени производи и козметика, која ги снабдува првенствено пазарите на ЕУ и на Србија, Јемен или индиректно – Саудиска Арабија.

Идентификувани се и неколку значајни транзитни точки во трговијата со фалсификати како Хонгконг, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур, кои претставуваат глобални центри за трговија со фалсификувани стоки во сите анализирани категории производи. Важни транзитни точки за редистрибуција на фалсификувани производи кон ЕУ се Албанија, Египет, Мароко и Украина.

Опсегот на производи што се фалсификуваат е мошне широк и вклучува луксузни производи (часовници, парфеми и кожени производи), Б2Б-производи (машини, хемикалии и резервни делови), како и производи за широка потрошувачка (играчки, фармацевтски, козметички и прехранбени производи). Фалсификуваните производи особено се присутни во е-трговијата.

Како социјалните медиуми овозможуваат повреда?

Со напредокот на технологијата, а особено со брзиот пораст на интернетот, се трансформираат и потрошувачките навики и очекувања. При тоа, леснотијата со која сме навикнати да комуницираме, се очекува да биде пренесена и на пристапот до одредени производи и услуги. Сето тоа има фундаментално влијание врз начинот на употреба, пристапот и искористувањето на правата од интелектуалната сопственост, што од друга страна, создава предизвици за компаниите да ги заштитат своите права преку интернет од можностите на тие што бараат начини за повреда.

Повредата на правата од интелектуална сопственост претставува голем проблем за компаниите низ целиот свет. Дури и навидум безопасните социјални медиумски платформи, како „Инстаграм", денес играат значајна улога во рекламирањето фалсификувани производи и во намалувањето на цените на светско ниво. Со порастот на интернетот од неколку илјади веб-страници на милијарди, листите на фалсификувани производи стануваат пософистицирани и во многу случаи целосно автоматизирани. Манипулацијата со рангирањето на алатките за пребарување е критична компонента на повредата на интернет, која ги насочува потрошувачите што подалеку од легитимните сопственици на правата од интелектуална сопственост кон нерегулирани страници за трговија на интернет.

Интелектуалната сопственост не може да се одбрани самата себе, особено имајќи ги предвид автоматизираните компјутерски алгоритми, кои се способни да промовираат милиони фалсификувани производи во секоја секунда од денот.

Голем број од тие веб-страници најчесто се управувани од Кина, Русија и од Југоисточна Азија, што значи дека речиси е невозможно да се дојде до вистинските сопственици. Проблемот е во фактот што премногу е лесно повредувачот на правото да постави веб-страница или да создаде анонимно присуство на интернет. Фалсификаторите најчесто купуваат имиња на домени, кои во голема мера се слични со тие на вистинскиот носител на правото, но честопати, отворањето на лажна страница не е доволно за привлекување потрошувачи. Потребна е реклама, при што, најевтиното и најлесното место за тоа, повторно се социјалните медиуми. Во мај 2016 година, „Вашингтон пост" објави статија за тоа како популарната платформа за споделување на фотографии „Инстаграм", во сопственост на гигантот на социјалните медиуми „Фејсбук", придонесе за експлозија на фалсификувани производи на интернет. Според резултатите на истражувањето, беше откриен податокот дека од 150.000 објави на „Инстаграм" означени со популарни корпоративни брендови и со имиња на трговски марки, околу 20% се фалсификувани производи. Тие профили што вршат повреда, привлекле повеќе од 700.000 следбеници за само три дена. Со кликнување на пораките на „Инстаграм", корисниците имаат можност да стапат во контакт со фалсификаторите, користејќи неследливи инстант-пораки, како на пример, апликацијата „Ватсап" (исто така во сопственост на „Фејсбујк") и да организираат плаќање со користење услуги од трети лица, како, на пример, од „Пејпал".

Тоа не значи дека „Фејсбук", „Инстаграм" и другите социјални медиуми го оправдуваат фалсификувањето. Напротив, тие прават големи напори за затворање на сметките што ги повредуваат правата од интелектуална сопственост. Проблемот е што фалсификаторите се технолошки софистицирани и секогаш се еден чекор понапред.

Што е потребно да направи секој носител на право од интелектуална сопственост за да се заштити од повреда на правата преку интернет?

Најпрвин, потребен е проактивен пристап. Интелектуалната сопственост не може да се одбрани самата себе, особено имајќи ги предвид автоматизираните компјутерски алгоритми, кои се способни да промовираат милиони фалсификувани производи во секоја секунда од денот. Поради тоа, на компаниите им е потребна сеопфатна стратегија за откривање повреди на право и нивно елиминирање од пазарот, колку што е можно побрзо и поефикасно. Прекршителите не ѝ штетат само на вредноста на вашето портфолио на интелектуална сопственост, туку и на репутацијата на организацијата, која е носител на правото.

Благодарение на интернетот, деловниот пејзаж веќе е трансформиран. Доколку сакаат успешно да ги надминат фалсификаторите на интернет-пазарот, компаниите треба да ги приспособат стратегиите за заштита на трговските марки.

 


 
 
 
 
back to top