IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.10.2017 || Очекувајте го октомврискиот број на InStore   |  ССК прогласен за шампион за мал бизнис  |  Е-продажбата ќе надмине 1 трилион долари до 2027 година  |  Наскоро „Шпар“ ќе го отвори стотиот објект во Словенија  |  „Универекспорт“ отвори сопствен дистрибутивен центар  |  Сè поголем извозот на рускиот пазар  |  „Синагога“ со значително зголемени приходи  |  Отворен логистички центар на „Воли“  |  „Кауфланд“ ги зголемува платите за 11%  |  140 години работење на „Мирна“ од Ровињ  |  „Винаг“ продаден за речиси 2 милиони евра  |  Најбитно е да имате добра идеја   |  Увоз на храна во вредност од 101 милијарда евра  |  Дрон што ќе ги полни електричните автомобили во движење  |  Детали за преземањето на „Дониа“  |  Ајварот Perustija – достапен и на домашниот пазар  |  Скопје во центарот на бизнис-настаните во ЈИЕ  |  Огромен интерес за производите на „Макпрогрес“ на „Ануга“  |  „Алибаба“ ќе инвестира 15 милијарди долари во логистика  |  Црква ќе ги враќа верниците со црковно пиво  |   ||
   

Совети: Развивање стратегија за интелектуална сопственост

14.09.2017

Бидејќи добро структуриран систем за управување со интелектуална сопственост може да помогне во заштитата на производите, да ги утврди можностите за нови приходи и да ги идентификува потенцијалните ситуации на повреда на правото, создавањето и имплементацијата на процесот на управување со ИС е клучен.

Пишува: Марија Ќосеска, раководител на одделение за трговски марки во „Берин" и застапник за индустриска сопственост

Интелектуалната сопственост (ИС) станува сè позначајна за конкурентската предност и за успехот на компаниите. Отворањето на прашањето за ИС во една компанија е од суштинско значење и ќе биде еден од главните фактори за иднината на деловниот успех. Сепак, многу компании сè уште не успеале да ја интегрираат ИС во својата развојна стратегија и сите критични деловни процеси и со тоа не ја извлекуваат максималната вредност од неа.

Во едно неодамнешно истражување, спроведено во балканските земји меѓу компании производители кои развиваат нови производи и ги продаваат, само 25% од компаниите се изјасниле дека употребуваат форма на стратегија за ИС во планирањето на сопствениот бизнис-процес. Од компаниите кои се изјасниле позитивно, пак, 25% направиле повеќе од 50% зголемување на приходите, токму благодарение на тој производ.

Стратегија за ИС и управување со ИС

Поради зголемено признавање за нејзината економска вредност, интелектуалната сопственост станува главен елемент во корпоративниот бизнис-менаџмент. Успешните иновации се потпираат на неа не само во развојот на идеите, туку, пред сè, во способноста тие да се заштитат и, особено, да се оствари спроведување на правата од оваа заштита. Спроведувањето ефективна стратегија за правилно управување со интелектуалната сопственост им овозможува на компаниите да станат поконкурентни во креирање можности за иновации и за пораст.

За многу компании, развојот на стратегијата за интелектуална сопственост, како и управувањето со нивното портфолио на права од ИС се главни предизвици. Бидејќи добро структуриран систем за управување со интелектуална сопственост може да помогне во заштитата на производите, да ги утврди можностите за нови приходи и да ги идентификува потенцијалните ситуации на повреда на правото, создавањето и имплементацијата на процесот на управување со ИС е клучен. Затоа, едно од главните прашања е да се оптимизира овој процес преку воспоставување систем за управување, кој директно ги поддржува фундаменталните деловни стратегии и преку развивање и претставување план за обука за да се обезбеди ефективна имплементација.

За да помогне да се идентификуваат можностите и заканите, особено е важно да се спроведе комплетна проценка на правата од ИС на конкурентската сцена. За да се идентификуваат областите каде што дополнителното право од ИС може да обезбеди стратешка предност или да го намали ризикот, да се оценат клучните развојни технологии во индустријата, да се пребараат патентите со потенцијал за повреда на права, да се бараат можности за намалување на трошоците и да се идентификуваат можностите за судски постапки или лиценцирање.

За да им помогне на компаниите да испорачаат значајна вредност од портфолиото со права од ИС, додека организираат и градат капацитет за постигнување одржливи деловни резултати, тие треба да имплементираат пакет процеси, водечки практики и методологии.

Развивање стратегија и план за ИС

За подобро да се интегрира заштитата на ИС во развојот на стратегијата и сите критични деловни процеси, од суштинска важност е развивањето стратегија и план за ИС. Редовниот преглед на базите на податоци за ИС може да обезбеди некои вредни информации (особено вклучувајќи ја SWOT-анализата) или да ги идентификува силните страни (S), слабостите (W), можностите (O) и заканите (T), врз основа на кои ќе се развива планот за ИС. Процесот за развивање стратегија за ИС може да биде претставен на следниов начин:

 

Прво, важно е менаџментот да добие потранспарентна слика за моменталната позиција на ИС. Потребно е да се анализира, да се дијагностицираат клучните прашања и да се постигне транспарентност во врска со моменталниот статус: обемот, географската покриеност, територии од интерес. Раководството тогаш треба внимателно да ги (пр)оцени силните и особено слабите страни на позицијата на сопствената ИС наспроти таа на конкурентите. Ова обично води кон прашањето дали компанијата успеала да ја искористи силната позиција на ИС за успех на комерцијалниот пазар или, во случај на прилично слаба позиција, дали компанијата треба да се обиде да ја достигне или да ја напушти конкретната област. Со направената евалуација, менаџментот добива помош за развивање неколку опции, при што се разгледуваат економските можности и ризиците и се избираат опциите што би овозможиле успех.

  За да испорачаат компаниите значајна вредност од портфолиото со права од ИС, додека организираат и градат капацитет за постигнување одржливи деловни резултати, тие треба да имплементираат пакет процеси, водечки практики и методологии.

Следниот чекор е да се (ре)дизајнираат стратегиите за да се искористи до максимум вредноста на постоечката ИС и/или, евентуално, да се создаде нова. Спроведувањето стратегијата подразбира преземање акција, дефинирање планови за активности, улоги и одговорности, како и следење на напредокот и влијанието. Вклучувањето на повисокото раководство е исто толку критично како и мерењето на специфичните индикатори, а имплементацијата често е клучна бариера во многу компании.

Врз основа на овие главни прашања, може да се развие план за ИС, почнувајќи со SWOT-анализа или идентификувајќи ги силните страни, слабостите, можностите и заканите врз основа на кои ќе се развива планот за ИС.

 

Постојат три главни столбови:

1. Бизнис-поддршка

Утврдувањето на типот на организација и на дејствување кое најмногу одговара на потребите на бизнисот во кој било даден момент е првиот елемент од планот. Друга главна идеја во фокусот е обезбедување обука од областа на ИС за вработените во компанијата. И конечно, постојат и специфични глобални бизнис-иницијативи на високо ниво, кои бараат посебно внимание и заеднички напори од тимот на ИС.

2. Сила на правата од ИС и заштита

Овој дел од планот се фокусира на тоа како да ги заштити, да ги контролира и да ги спроведе правата на интелектуална сопственост на единствен начин. Намерата е да се искористи оваа експертиза, да се претвори во најдобра практика и да се применува конзистентно во сите случаи.

3. Предност и ефикасност

Последното поглавје од планот се фокусира на тоа како може да се искористи и да создаде поголема ефикасност во начинот на работа вклучувајќи експерти од ИС. Ова вклучува ангажирање на стручни лица, застапници за ИС кои најдобро ги собираат горе наведените информации, анализираат и создаваат најповолна стратегија за ИС. Пред да извршат идентификување, организирање и преглед на постојното портфолио од ИС на компанијата, создаваат процедура за осигурување на заштита на правата од ИС преку мониторинг, имплементираат систем за плаќање трошоци за одржување на правата, проценуваат можности за доделување право на користење, подготвуваат договори... Заштедените средства како резултат на овие иницијативи се собираат и се пријавуваат на менаџментот.

Ова ги сумира иницијативите развиени според трите столба на планот. Компаниите треба да ги проценат и да ги конвертираат сите опции, економски можности и ризици користејќи го стекнатото знаење. Специфични акциони планови со јасни улоги и одговорности се клучни за имплементација на ИС.

Заклучок

Добрата од ИС претставуваат начин на презентација на идеи, иновации, дизајни, брендови и на лиценци. Внимателно спроведена проценка на ИС и добро обмислениот и организиран план за управување се вредни алатки за управување со неа, што може да му помогне на бизнисот да ги негува и да ги оптимизира средствата за ИС. Со оглед на тоа што ИС доведува до зголемување на вредноста на бизнисите, развојот, управувањето и заштитата на правата од ИС ќе продолжат да влијаат во крајна линија. Организациите кои посветуваат соодветни ресурси за негување и за управување со нивните добра од ИС, ќе се позиционираат така за да стигнат до најголемите бенефиции.

Оттука, извршувањето на стратегијата бара особено јасна посветеност од највисокото раководство, јасни улоги и одговорности, соодветен мониторинг, поинтензивна соработка во врска со прашањата на ИС помеѓу истражувањата и развојот, ангажирање на застапници за индустриска сопственост и често дури и промени во корпоративните структури и процеси.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

За агенцијата:

Агенцијата за интелектуална сопственост ДОО „Берин" – Скопје е специјализирана компанија во која работат експерти од најразлични профили и македонски и европски патентни застапници, кои помагаат при креирање и имплементација на стратегии за интелектуална сопственост кај домашните и меѓународните компании.

 


 
 
 
 
back to top