IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Scan & go: направете го животот полесен

15.10.2013
Услуга за пазарување со мобилен телефон
 
Scan & go: направете го животот полесен
 
Осум од десет европски купувачи веруваат оти интернетот и мобилната технологија можат да им го подобрат искуството при купување. Scan & go е услуга преку која купувачите можат со своите паметни телефони да ги скенираат производите, да ги стават во онлајн-кошница и речиси без никаков напор да ги платат, а веќе ја тестираат неколку трговци во светот.

Ричард Валас, сениор аналитичар за малопродажба, ИГД
 
По повеќе од 40 години од првиот повик упатен од мобилен телефон, оваа технологија и понатаму го трансформира начинот на кој работиме и нашата околина, а scan & go системите го прават животот на купувачите полесен и границата помеѓу онлајн-купувањето и купувањето во продавница сè повеќе се губи.
 
Две-третини од луѓето спијат со мобилниот телефон до нив. До 2020 година ќе има повеќе од пет милијарди корисници на интернет, а десет милијарди луѓе ќе користат мобилни телефони. Купувачите веќе имаат пристап до рецензии, оценки и видеозаписи на своите уреди, но како што луѓето сè повеќе користат паметни телефони и таблети, така мобилните продавници на трговците и производителите им нудат сè поголеми можност вистински да ја „зграбат" мобилната технологија.

Константниот развој и новите можности се она што ја чини работата на дигиталните иновации толку возбудлива. Мобилната технологија дава огромни можности за пазарите на стока за широка потрошувачка. Можете да ги контактирате вашите најверни купувачи во одредена доба од денот и со понуда во непосредна близина на нивната моментална локација. Ова станува тренд, но индустријата и понатаму е во фаза на тестирања и учења. Во ИГД веруваме дека секоја технологија треба да се стреми кон тоа на купувачите да им се олесни животот.
 
Осум од десет европски купувачи ни кажуваат дека веруваат оти интернетот и мобилната технологија можат да им го подобрат искуството при купување, но судејќи според истражување на „Шопер Виста", само 1% од купувачите велат дека мораат да имаат некоја од апликациите што им овозможуваат купување производи.
 
Имајќи предвид дека еден од пет онлајн-купувачи веќе користи паметен телефон при купување производи, се отвораат можности за развој на корисни решенија што им штедат време. Scan & go, услугата преку која купувачите можат со своите паметни телефони да ги скенираат производите, да ги стават во онлајн-кошница и речиси без никаков напор да ги платат, веќе ја тестираат неколку трговци. Оваа иницијатива е чист „омни-канал", што осигурува дека купувачот има потполно исто бренд-искуство, без физички и онлајн-граници, што може да доведе и до пораст на продажбата. Речиси е сигурно дека оваа услуга ќе ја прошири функционалноста: ќе биде полесно да се пронајдат производите, ќе се добиваат повеќе информации врз основа на мапирањето на реалната состојба во продавницата, ќе се споредуваат податоци од програмата за лојалност, а таа дополнителна транспарентност ќе помогне да се изгради свест и доверба – тоа се долгорочни цели кога станува збор за лојалноста и продажбата.
 
Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore бр.11



 
 
 
 
back to top