IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.07.2017 || Кампања на „Меркатор“ со најсилните словенечки брендови  |  ИРБ и „Атлатик група“ заеднички ќе развиваат нов производ  |  „Кине + Нагел“ ја зајакна водечката позиција  |  Нова „Кока-кола активна зона“ во Штип  |  Исти производи за сите пазари  |  „Шпар“ потпиша договор за франшиза со „Ермес“  |  Обновено производството во БИП   |  „Бинго“ презеде еден од објектите на „Конзум“ во Зеница  |  „Метро груп“ ја заврши поделбата  |  Нов „Стокомак“ во Радишани  |  „Карлсберг“ и „Бруклин“ го прошируваат бизнисот  |  Ledo доби халал-сертификат  |  „Меркатор“ и „Конзум“ се разделуваат  |  Lejla - нова вода на „Сарајевска пивара“  |  Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф  |  „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби  |  „Карфур“ ја поставува првата вертикална градина  |  „Кофола“ ја купи „Премиум роса“  |  Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“  |  Нов „Гранап“ во Центар  |   ||
   

Слободан Василиќ: Првиот избор на купувачите

13.04.2017
 
Слободан Василиќ, извршен директор на „Неопланта"

Слободан Василиќ ја почнал кариерата во месната индустрија „Гомбит", во 2002 година. По една година преминува во „Фриком", а на крајот од 2005 година, во „Књаз Милош". По три години доаѓа во „Неопланта", на чело на маркетинг и на продажба. Како директор на овој сектор, одговорен е за развој и за имплементација на стратегиите за маркетинг, за продажба и за дистрибуција на сите пазари каде што работи компанијата, за развој на ценовните стратегии, воспоставување на продажните цели, планирање и контрола на буџетот, како и за развој на нови производи и пазари. Успешно го репозиционираше брендот Neoplanta и ги лансираше клучните брендови на компанијата – Patelina,Pipi, Gudi и Prego. Од 2014 година, тој е на позицијата извршен директор.

Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

Како резултат на слабата куповна моќ, пазарот на месни преработки во Србија во последните години е во пад. Како вашата компанија се соочува со тој проблем и како го надминувате? Какви резултати остваривте претходната година?

„Неопланта" ја има лидерската позиција на пазарот за месни преработки во Србија веќе шеста година по ред, што покажува дека засега, успешно се бориме со сите предизвици што ја следат индустријата. Од 2012 година, „Неопланта" бележи константен пораст на пазарниот удел во целокупната индустрија, а позитивниот тренд продолжи и минатата година. Постигнуваме добри резултати, пред сè, благодарение на постојаните вложувања во иновации и во дополнително издигнување на квалитетот на производите, што потрошувачите го препознаваат и ни укажуваат доверба.

Што ќе истакнете како клучен фактор за успешното работење на компанијата?

Во услови на намалена куповна моќ и на силна конкуренција на пазарот, за нас е особено важно да бидеме поинакви од другите производители, да се диференцираме и да бидеме прв избор на потрошувачите. Затоа, постојано сме во дослух со потребите на потрошувачите и ги следиме потрошувачките трендови во светот, за да го приспособиме портфолиото кон нивните желби и да им понудиме единствени производи со висок квалитет и со одличен вкус. Квалитетот, иновациите и флексибилноста би ги истакнал како клучни фактори за успешното работење на компанијата.

Колку ги следите светските трендови кога станува збор за производството и за пакувањето на производите? Колку вложувате во иновации?

Настојуваме континуирано да ги следиме светските трендови и да бидеме во чекор со најдобрите. Фокусот е кон квалитетот, така што од аспект на пакувањата, интензивно работиме на тоа да овозможиме продолжен квалитет на производите. Во таа смисла, „Неопланта" направи неколку значајни чекори во однос на конкуренцијата. Ќе потсетам дека ние сме првата српска компанија што на потрошувачите им понуди траен производ во амбалажа „флоу пак" (flow pack), која обезбедува продолжена свежина и арома на производот и го задржува изворниот вкус. Исто така, на српскиот пазар сме единствен производител што лансираше паштети во полипропиленско пакување, чиешто капаче овозможува производот да се користи 48 часа по отворањето. Вредно работиме за да им понудиме на потрошувачите нови, приспособени пакувања, кои ги следат новите начини на купување и на консумација. Вложувањето во иновации преку дизајнот и вкусот на нашите клучни брендови – Pipi и Gudi, Neoplanta Delikates, Patelina и Prego, ќе биде наша определба и во иднина.

Кој е вашиот одговор на промените на навиките на потрошувачите кога станува збор за трендот на здрава исхрана?

Флексибилноста, односно способноста бргу да се приспособиме кон новите околности, трендови и потреби, ја сметам како еден од клучните фактори, кои придонесоа „Неопланта" да биде лидер на пазарот на месни преработки во Србија. Јасно е дека потрошувачите стануваат многу свесни за важноста на здравата храна и дека бараат квалитет. Нашата задача е да им помогнеме во тоа, а ние тоа го правиме со континуирано унапредување на асортиманот. Во тој контекст, посебно ќе ги истакнам производите Pipi, кои се направени од суровини, добиени со сепарација на пилешкото месо со технологијата Baader. Употребата на суровини со највисок квалитет, ни овозможува на потрошувачите да им понудиме производ со добро познатиот вкус  на Pipi, со унапреден квалитет и со совршена текстура. Со унапредувањето на рецептурата на Pipi, сакавме да ги израдуваме најмладите, но и сите родители што водат сметка за составот на производите што ги користат за исхрана на децата.

Во 2014 година беше завршен долгогодишниот проект за реконструкција на фабриката, за реновирање на погонот за конзервирана храна. Дали планирате нови реконструкции, изградба на нови погони или проширување на производството?

Благодарение на обемниот проект за реконструкција и за адаптација на производствените погони, во кој беше вложено повеќе од 20 милиони евра, „Неопланта" денес поседува една од најмодерните фабрики во регионот. И понатаму редовно вложуваме во обновување и во модернизација на опремата, за да ја зацврстиме лидерската позиција во Србија и да ја подигнеме конкурентноста на домашниот и на странските пазари. Од позначајните проекти, кои се актуелни во моментов, би ја издвоил изградбата на современиот систем за пречистување на отпадните води, чијашто реализација ја очекуваме до крајот на годинава.

Колкави се моменталните капацитети за производство?

Капацитетите за производство во голема мера зависат од структурното производство, а во просек изнесуваат од 60 до 80 тони производи дневно.

Дали потребите за суровини ги задоволувате од домашното производство или увезувате дел од нив? Ако увезувате, колку изнесува тоа количество?

Потребите за сурово месо во најголема мера ги задоволуваме од домашниот пазар, односно се снабдуваме од долгогодишни доверливи кооперанти. За жал, Србија веќе подолго време има осиромашен сточен фонд, поради што сме принудени дел од суровините да набавуваме од надвор. Минатата година, имавме увоз на околу 20 отсто од суровините. Тоа беа суровини исклучиво од прва категорија, односно месо со највисок квалитет, кој за „Неопланта" е апсолутен приоритет. Компанијата ги применува највисоките стандарди за производство и работи почитувајќи ги принципите на HACCP, ISO 9001 и IFS, кои акцентот го ставаат на безбедноста на производите. Од изборот на суровините, преку целиот производствен синџир – целта ни е да се осигуриме дека од нашата фабрика на пазарот ќе стигнат само безбедни производи со висок квалитет.

Колкав дел од производството извезувате и на кои пазари?

„Неопланта" извезува на пет континенти – Европа, Австралија, Азија, Африка и Јужна Америка. Уделот на извозот во прометот на компанијата минатата година изнесуваше 22 отсто. Во Европа, нашите производи, освен во регионот, се присутни и во земјите на ЕУ – во Романија, Словенија, Австрија, Германија, Шведска и во Швајцарија. Компанијата е првата месна индустрија од Србија што направи продор на пазарот на Африка и производите им ги понуди на потрошувачите од Ангола. За тоа, во голема мера ни помогна работењето во рамките на силната групација „Нелт".

Дали планирате проширување на извозот во нови земји и во кои?

Извозот е голема развојна можност за компанијата, односно една од целите за годинава, покрај понатамошното унапредување на ефикасноста на производствените процеси и на деловните активности во Европа. Фокусирани сме на европските земји, пред сè, на Словенија, Австрија и на Романија, за што планираме значително проширување на дистрибуцијата.

Планирате ли проширување на портфолиото?

Секоја година на пазарот пласираме нови производи, а подготвуваме изненадувања и за 2017 година. Работиме на унапредување на брендовите Pipi и Gudi, како и на зајакнување на Neoplanta Delikates. Уверен сум дека единствените и иновативни вкусови и овојпат ќе ги израдуваат купувачите.

Какви се плановите за вашата малопродажна мрежа?

Малопродажната мрежа на „Неопланта" моментално брои 29 модерно опремени продавници низ цела Србија. Засега, тоа е оптималниот број, но секако дека во иднина ќе ја анализираме и можноста за отворање на нови објекти, доколку се покаже потреба за тоа.

Каков е вашиот однос со трговците?

Производите на „Неопланта" се застапени во сите поголеми маркети, во традиционалните продавници и во нашата малопродажна мрежа. Настојуваме константно да ги развиваме и да ги унапредуваме односите со купувачите, односно да бидеме партнери. Благодарение на дистрибуцијата, на потрошувачите сме им достапни на целата територија на Србија, но и на другите пазари во регионот: Македонија, БИХ и Црна Гора.

Конкуренцијата постои... Наше е да се избориме да бидеме поинакви и со јасна дистинкција во однос на конкуренцијата, одново да ги освојуваме потрошувачите.

Дали произведувате приватни трговски марки?

Производството на приватните трговски марки, кое е многу застапено во земјите во Европа, го практикуваме за домашните и за странските купувачи. Мотивот е многу јасен – нам, како на производители, т.н. услужно производство ни овозможува да ги активираме слободните капацитети. Од друга страна, со воспоставувањето соработка со купувачите преку производство на услужни трговски марки, градиме партнерски односи. Тоа е ситуација „win-win", чијшто краен исход е поголем избор за потрошувачот.

Сметате ли дека трговските марки, генерално гледано, се закана за брендовите?

Конкуренцијата секако постои, па во таа смисла и трговските марки треба да имаат свое место на пазарот. Наше е да се избориме да бидеме поинакви и со јасна дистинкција во однос на конкуренцијата, одново да ги освојуваме потрошувачите.

Како ја гледате иднината на индустријата за месо и за месни преработки во Србија?

Глобалниот тренд, кој во последните години е присутен во Европа, е консолидација на пазарот. Верувам дека тоа ќе биде правецот во кој ќе се движи и домашната месна индустрија. На тој начин ќе биде доволно конкурентна на европските производители и ќе ги заштити позициите на домашниот пазар.

Во 2015 година, „Неопланта" одбележа 130 години од работењето. Како се гледате во следните години?

Ќе останеме доследни на високиот квалитет и фокусирани на извозот и на иновациите. Верувам дека на тој начин ќе успееме долгорочно да обезбедиме стабилен пораст и да ја осигуриме лидерската позиција на „Неопланта" во Србија, но и пошироко.

На чело на компанијата сте од 2014 година. Што би истакнале како најголем личен придонес за нејзиниот развој?

Како најголем личен придонес за развојот на „Неопланта" би ги издвоил промовирањето на новите вредности и на претприемничкиот дух. Верувам дека помогнав и да се подигнат компетенциите на младиот менаџмент на тимот, односно дека успеав да ги мотивирам вработените да бидат проактивни и вредни – да го дадат максимумот. Горд сум на тимот и на јасната заедничка визија – силна, стабилна и најдобра „Неопланта".

Како најголем личен придонес за развојот на „Неопланта" би ги издвоил промовирањето на новите вредности и на претприемничкиот дух.

МАКЕДОНИЈА

Со колкав процент учествува македонскиот пазар во вкупниот извоз на „Неопланта"? Колку за вас е значаен овој пазар? Дали сте задоволни од досегашните резултати?

Пазарот на Македонија засега сочинува 10 отсто од извозот на „Неопланта", со интензивен пораст. Во 2016 година беше забележан пораст на извозот во земјата за 70 отсто во однос на 2015 година, а позитивниот тренд продолжува и во тековната година. Овој пазар значително се развива и го сметам за важен за понатамошното регионално проширување на „Неопланта".

Во 2016 година беше забележан пораст на извозот во Македонија за 70 отсто во однос на 2015 година, а позитивниот тренд продолжува и во тековната година.

Како гледате на пазарот на месни производи во Македонија? Каква е конкуренцијата и како се борите со неа?

Македонските брендови имаат позначително учество, а пазарот е ориентиран кон поскапите категории на трајни производи и конзерви. Преку брендот Dobar dan, „Неопланта" одлично се позиционираше и во категоријата полутрајни производи, од кои ја лансиравме и новата линија производи за македонскиот пазар. Настојуваме со квалитет и со соодветна ценовна позиција да растеме на овој пазар и да го зацврстиме имиџот на производител кој нуди квалитет по пристапна цена.

Дали сте размислувале за отворање малопродажни објекти и во Македонија, од типот на вашите месарници во Србија?

Засега, малопродажната мрежа ќе биде присутна само на пазарот на Србија.


 
 
 
 
back to top