IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Роберт Н. Славецки: „Best Buy Award“ на македонскиот пазар

17.03.2015
 
За значењето и методите на истражувањето, за категориите и испитаниците што беа опфатени со првото истражување за „Best Buy award" на македонскиот пазар, на прашањата од InStore одговори Роберт Н. Славецки, извршен директор и одговорен за јадранскиот регион на швајцарската организација „Ицертиас".

Што претставува наградата „Best buy award", какво е нејзиното значење?

„Best buy award" е континуиран меѓународен проект за истражување и наградување на производи/услуги на локалните и на меѓународните пазари, кои нудат најдобар однос на цената со квалитетот, врз основа исклучиво на искуството и мислењата на потрошувачите. На глобално ниво, проектот се спроведува и поддржува од швајцарската организација „Ицертиас", меѓународно здружение за сертификација, со седиште во Цирих, Швајцарија. Важно е да се нагласи дека истражувањето не ја мери вредноста на брендот или пазарниот удел, туку искуството, мислењето, задоволството и перцепцијата на корисниците, за најдобрата вредност-за-пари на производите/услугите на пазарот.

Зошто истражувањето по првпат се спроведува во Македонија? Каков е случајот во регионот?

Би сакал да истакнам ние сме присутни на македонскиот пазар од минатата година со сертифицираниот проект Qudal  (QUality meDAL), кој го анализира и мери исклучиво задоволството на потрошувачите во однос на чистиот квалитет на производите/услугите и единствено квалитетот.

Истражувањето „Best buy award" се спроведува во речиси сите земји од регионот на Балканот. Тоа е присутно во пазарите од вашето опкружување веќе неколку години, на пример во Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Романија. Во другите земји, првото истражување и доделување на „Best buy award" беше спроведено годинава, како што се Црна Гора, Бугарија и Македонија.

Причината поради која решивме да го почнеме овој истражувачки проект и во вашата земја е едноставна – нашите  студии за регионот, покажа дека Македонија има прилично добро развиен пазар, со силна конкурентност во повеќе сегменти. Од друга страна, овој сертифициран проект би можел да им биде од голема корист и на македонските потрошувачи да ја пронајдат најдобрата вредност за своите пари за производите и услугите што ги нуди пазарот.

Кои малопродажни категории беа вклучени во истражувањето?

Во првото истражување „Best Buy award" на македонскиот пазар, што беше спроведено во февруари 2015 година, беа опфатени вкупно повеќе од 50 различни категории, вклучувајќи ги категориите млеко, пиво, осигурување, семејни автомобили, мобилни услуги, интернет-провајдери итн.

Во врска со трговијата на мало, беа анкетирани следниве категории: малопродажните синџири (супермаркети); меѓународните/интернационални малопродажни синџири; бензинските синџири, синџирите за електроника и висока технологија; продавниците за бела техника и апарати за домаќинството; продавници за чевли; продавници за спортска облека, обувки и опрема, како и трговски центри.

Во Македонија, исто така беа спроведени уште две дополнителни истражувања: „Best Buy Award Construction" и „Best Buy Award Agriculture". Овие анкети покрија дополнителни категории, што се специфични за градежништвото и земјоделскиот сектор. Подоцна во текот на оваа година, планираме да спроведеме истражувања и на други,  дополнителни категории.

На кој начин се одвива истражувањето, колку испитаници се вклучени во него?

„Ицертиас" ја користи компјутерската програма CAWI (Computer Assisted Web Interviewing) како методологија за спроведување на истражувањата „Best Buy Award", што значи дека нашите испитаници ги испрашуваме преку веб-прашалник. Во речиси сите истражувања што ги спроведуваме, големината на примерокот (бројот на испитаници) е 1.200. Кога станува збор за општи анкети, што содржат прашања за „секојдневните" категории, односно производи и услуги што се користат од страна на општата популација (на пример млеко, пиво, семејни автомобили, смартфони и сл.), нашиот таргет се испитаниците од пошироката јавност. За поспецијализирани истражувања, од областа на градежништвото или за земјоделството, имаме стручни лица со големо искуство од овие специфични области (на пример, архитекти, градежници, агрономи, земјоделци итн).

Која е целта на „Best buy award"?

Целта на проектот во основа е да се развие истражувачка и сертификациска платформа, што ќе ги наградува најдобрите производи и услуги на пазарот, односно оние кои врз основа на искуствата и мислењата на потрошувачите, се потврда за најдобриот однос на цената со квалитетот. Сепак, главната цел на проектот е да им се овозможи полесно пребарување на купувачите на најдобрите производи и услуги на пазарот. Со „Best Buy Award", „Ицертиас" се стреми да ја развие свеста за важноста на односот цена-квалитет на локалниот пазар и на глобално ниво.


 
 
 
 
back to top