IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Револуција на шопинг-искуствата

23.10.2012
IGD ShopperVista истражување за употребата на апликации во FMCG-секторот

Револуција на шопинг-искуствата

Го олеснуваат животот на луѓето, ги поттикнуваат на купување, а одредени брендови ги прават препознатливи.


Автор: Абигејл Лоренс (Abigail Lawrence)

Во последните години развиени се повеќе од неколку стотици илјади апликации за смарт-телефони (smartphone), што се „грижат" за секое подрачје од нашиот живот. Со толку голем број нови апликации, купувачите можат да бидат збунети при изборот или, како јас, да имаат неколку стотици преземени апликации од кои само неколку секојдневно ги користат. За производителите на стоки за широка потрошувачка и трговците е предизвик да создадат апликација што ќе се занимава со купувачите, ќе нуди нови можности и ќе ги мотивира повеќе и почесто да купуваат.

IGD неодамна објави листа на врвните десет апликации, што ги открива најдобрите примери во прехранбената индустрија и во трговијата. Тука ќе истражиме не само како се развиваат апликациите за да ги задоволат потребите на купувачите, туку и како го менуваат начинот на кој се купува.

Неопходност

Истражувањето IGD ShopperVista покажува дека 39% од купувачите во Европа поседуваат „паметни телефони" или таблет-компјутери, а 51% се оние што ги искористиле за онлајн-купување во изминатите шест месеци.

Купувачите најчесто ги користеле мобилните уреди за да ја пронајдат најблиската продавница, споредувале цени и скенирале производи. Но, овие и други функции станале вообичаени, што е дополнителна причина трговците да мораат повеќе да инвестираат во развој на нови апликации, за да ги воодушеват потрошувачите и за да го пронајдат „она" што ги издвојува од другите.

Во секторот на трговија владее голема „турканица" и многу е тешко да се издвоите од 650.000 апликации што досега се достапни. Овие иновативни апликации пронаоѓаат нов начин како животот на купувачите би им го направиле полесен, повозбудлив, а одредени брендови на овој начин стануваат и препознатливи. Таквите апликации се атрактивни, добро осмислени, едноставни за користење и имаат широка намена.

Новите улоги на апликациите

Заштеда на време

Една од најпривлечните карактеристики на која било апликација е заштеда на време и олеснување на животот на денешниот урбан потрошувач. Тоа се апликации што ги поедноставуваат секојдневните задачи. На пример, „Волгринс" (Walgreens) во Соединетите Американски Држави (САД) посебно внимание посветува на функционалноста на своите апликации – нивниот промотивен каталог можете да го преземете на својот уред, што ви овозможува да направите шопинг-листа, каде што можете едноставно да го скенирате својот последен рецепт и повторно да го нарачате лекот што ви е потребен. Исто така, овозможува да прикачите фотографија од телефонот што можете да ја печатите, па дури и ве потсетува кога треба да го земете вашиот лек. Сето ова е згодна мала алатка што секојдневните активности ги прави едноставни и брзи за купувачите.
Постојат и низа апликации за споредување на цените што се дизајнирани за да ви го заштедат времето што го трошите на купување. Едноставно, го скенирате производот, потоа ја пронаоѓате најдобрата цена на интернет и тоа во вашата најблиска локална продавница.

Една апликација оди и понатаму од тоа, а развиена е во Германија. Barcoo е баркод-скенер, што исто така дава детални информации за производот, вклучувајќи ја и нутрициската вредност, а ги прикажува и сите податоци за производителот. Ваквите апликации истражуваат за вас, а со толку алатки што на потрошувачите им се „при рака", слободно можеме да кажеме дека влегуваме во доба на транспарентност на цените. 

Повеќе можете да прочитате на електронското и печатеното издание на InStore број 1

 
 
 
 
back to top