IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Прифатете ги трендовите за да бидете успешни

14.05.2014
Правиме предвидувања за да ги согледаме трендовите што ќе донесат промени што значително ќе влијаат на малопродажбата и на дистрибутерите во 2014 година. Иновацијата постигна суперсонична брзина, затоа бидете подготвени за револуционерните трендови што ќе ги овластат купувачите да очекуваат повеќе од индустријата.


Автор: Сесил Риверејн, ИГД

1. Споредба на цените
Сите знаеме дека купувачите сакаат да живеат подобро со помали трошоци и дека во денешниот онлајн-свет целосната транспарентност на цените е во раката на купувачите.

Страниците што нудат споредба на цените земаа замав, особено во земјите со напредна култура на е-продавници и мислиме дека нема да помине долго додека тоа стане светски тренд. Веќе согледавме пораст на бројот на веб-страниците, instore-апликациите и апликациите за паметни телефони што нудат инстантна споредба на цените на конкурентите.

„Леклер" во Франција направи апликација за споредба на цените, заедно со мрежен центар во продавниците за активна, локална споредба на цените, во радиус од 30 км, на тој начин зајакнувајќи ја својата водечка позиција во поглед на перцепцијата на цените. Во Обединетото Кралство и во САД, „Мај супермаркет" нуди опција „замени и заштеди", поттикнувајќи ги луѓето да ги заменат своите производи или малопродажната продавница со поевтина алтернатива, како и преглед на историјата на цените за да му се помогне на купувачот при процената дали промотивната цена навистина е промотивна.

Но, на кој начин транспарентноста на цените ќе има влијание на вашите ценовни стратегии и промоции?

2. Само за мене
Персонализацијата и таргетираниот маркетинг се долгонајавуваната револуција што конечно стигна, со далекосежни последици за купувачите, малопродажните трговци и доставувачите. Со оглед на тоа што технологијата постојано напредува, купувачите секогаш очекуваат релевантни решенија што се поедноставни за користење, што во исто време би им овозможиле контролата да биде во нивните раце.
Ерата на „хиперлокалниот пристап" е пред нас, со локални и навремени понуди за купувачите. Неодамна „Таргет" лансираше нова промотивна програма наречена „Cartwheel" што им овозможува на купувачите лесно да ги приспособат парите со кои располагаат на производите што обично ги купуваат. Ова ново ниво на персонализација ги прави промоциите попривлечни, а на купувачите им го олеснува животот.

Препознавањето лица на продажното место исто така напредува. Сведоци сме на навалата на тестови што ја вклучуваат апликацијата на „Фејсбук" – „Facedeals", што ги идентификува купувачите врз основа на нивните профилни фотографии, нудејќи им приспособени предлози за купување кога ќе влезат во продавницата.

3. Гугл-очила
Спојувањето на онлајн- и офлајн-световите продолжува со сеприсутните паметни телефони и таблети. Гугл-очилата се револуција со помош на која купувањето во продавница станува непрекинат настан со новиот бран на апликации за т.н. зголемена стварност, што ќе оживее благодарение на апаратите со карактеристика „hands free".

Паметните очила ќе овозможат моментален пристап до цените, описи на производи или нутриционистички податоци. „Интуит", новата американска софтверска компанија, веќе развива апликација за паметните очила што ќе им овозможи на корисниците да вршат директни плаќања со едноставен допир по работ на очилата, додека приказот на налогот за потврда ќе се покаже на стаклото.

Иако сметаме дека повеќето потрошувачи овој тренд ќе го усвојат дури за неколку години, првите купувачи ќе бидат воодушевени експериментирајќи со оваа технологија.

4. Големината не е битна?
Со оглед на тоа што постојано се појавуваат нови компании што се многу приспособливи на пазарот и носат револуционерни промени, на големите компании сè повеќе им требаат нови стратегии за да можат ефикасно да конкурираат – големината веќе не значи апсолутна предност.

Покрај ниските трошоци за отворање онлајн-фирма, новите модели и идеи можат да заживеат побрзо од кога било. Нашето внимание особено го привлече еден малопродажен модел основан во 2013 година, „Good Eggs" – прехранбен рај. Купувачите го нарачуваат онлајн тоа што сакаат да го купат, а во понудата има свежи продукти од разни локални одгледувачи, кои потоа се берат според нарачката. Наместо да држи резерви, ова е агрегатор на страници со преглед за локалните компании и спречува натрупување загуби. Прерано е да се процени колку ќе бидат успешни, но само по неколку месеци од основањето, се проширија во три нови града.

Развивањето на подобри решенија за купувачите при нарачувањето на продуктите од дома и во движење исто така зема замав, а малопродажните трговци се понудувачи на услугата „каде било, кога било". Како дел од таа услуга, „кликни и земи" стана популарен канал со идна цел проширување на капацитетите и развој на ефикасните модели за исполнување на барањата на купувачите.

Практичноста за луѓето што работат надвор од местото на живеење е голем дел од најновите иницијативи на „кликни и земи", па бројни малопродажни трговци сакаат да ги таргетираат купувачите што секојдневно патуваат на работа. „Асда", „Теско", „Вејтрос" и „Амазон" бараат начин да воспостават трајни објекти што ја нудат услугата „кликни и земи" на подземните постојки во Лондон, каде што би се овозможило преземање истиот ден и со тоа крајно би се поедноставило нарачувањето.

5. Валута: доверба
Довербата е материјален имот за малопродажните трговци. Нема гаранција, но со текот на времето, етичката стратегија може да донесе голема добивка преку довербата на купувачите.

„Сеинсбери" е малопродажен трговец што го потврди тоа со својата добро комуницирана филозофија „вредност за вредност". Културата втемелена на вредности со сигурност е таа што ги доведе со најновиот успех, со кој во јануари годинава бележат 36-ти последователен квартал со пораст на продажбата во делот „like-for-like".

Иднината се случува сега
Многу трендови што ги препознавме во 2013 година ќе продолжат да се развиваат и да ја преоформуваат нашата индустрија во следнава година. Во 2014 година ќе има сè повеќе промени во овие долгорочни трендови и новите иновации, менувајќи го текот на настаните, исто така ќе создадат нови можности. Компаниите што ќе ги прифатат предвидените револуционерни трендови ќе бидат успешни. Затоа, држете го купувачот на око и немојте да седите со скрстени раце.



 
 
 
 
back to top