IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Предраг Петровиќ: Уште поблиску до купувачите

19.11.2015
Предраг Петровиќ, раководител на маркетинг и набавка и член на управата за „дм дрогерие маркт" - Македонија и Србија
 
Тоа што го издвојува дм од другите трговски синџири е исклучителниот баланс на производи од познатите брендови и широкото портфолио на висококвалитетните производи од приватните трговски марки dm.

Приреди: Алма Растодер, alma@instore.mk 

„Дм дрогерие маркт" спаѓа во еден од најголемите синџири дрогерии во Средна и во Источна Европа, а првите две продавници во Македонија се отворени во 2012 година. Во асортиманот на „дм дрогерие маркт" има 13.000 производи, од кои околу 3.000 се од приватната трговска марка на dm . Со Предраг Петровиќ, раководител на маркетинг и набавка и член на управата за „дм дрогерие маркт" Македонија и Србија, разговаравме за развојниот пат на компанијата и за тоа како се станува и како се задржува местото на една од водечките дрогерии во Македонија.

„дм дрогерие маркт" во Македонија работи од 2012 година. Какви беа почетоците и со кои предизвици се соочивте?
На македонскиот пазар „дм дрогерие маркт" влезе во мај 2012 година и за три години работење, успеавме да станеме релевантен трговски синџир со девет малопродажни објекти со посебен фокус на Скопје, но со голем потенцијал за развој и за настап во сите поголеми градови во Македонија. Иако, според некои карактеристики, пазарите од Балканот се многу блиски, сепак беше потребно, со особено внимание, да се анализира пазарот во Македонија. Тоа овозможи запознавање со новиот концепт на продавници на пазарот како што се дрогериите, разбирање на сите вредности што ги носи квалитетната приватна трговска марка и фокус на задоволување на сите потреби и постоечки куповни навики.

Кои истражувања беа направени за македонскиот пазар и дали тој беше голем предизвик за вас, како компанија?
На влезот на новиот пазар му претходеа обемни анализи, истражувања на пазарот, панели на купувачи, како и скенирање на ценовното позиционирање на пазарот. Врз основа на овие комплексни параметри, како и преку детални обиколки на пазарот, согледавме што е тоа што дм од своето асортиманско портфолио, визуелно презентирање и со степенот на услуга може да понуди на македонскиот пазар и на тој начин да бидат имплементирани одредени модификации што ќе овозможат долгорочна успешност.

Колку производи опфаќа асортиманот на „дм дрогерие маркт"? Кои сè категории се вклучени во асортиманот?
Во асортиманот има речиси 13.000 производи, со фокус на сегментот убавина, здрав живот, нега на бебиња и производи за домаќинство. На овој начин, дм се етаблира на пазарот како место за купување квалитетни производи по поволни цени.  

Колкав процент од асортиманот заземаат приватните трговски марки?
„Дм дрогерие маркт"  може да понуди најголем избор на приватните трговски марки на пазарот во Македонија, со речиси 3.000 различни производи. Богата лепеза на разновидни производи содржани во 22 брендови од приватната трговска марка dm, заедно со основните производи, како шампонот за коса и геловите за туширање Balea, преку специфични производи, како органската храна dm bio и сертифицираната козметика Alverde. Тука се и производите како влажната тоалетна хартија S+S и интерденталните четкички Dotodent. Сите овие производи од асортиманското богатство, проследено со широкото задоволување на потребите на купувачите, овозможуваат натпросечен удел во прометот на приватните трговски марки dm во споредба со просекот на пазарот во Македонија. 

Дали имате посебна стратегија за продажба на приватните трговски марки и другите брендови во продавниците дм?
Тоа што го издвојува „дм дрогерие маркт" од другите трговски синџири е исклучителниот баланс на производи од познатите брендови и широкото портфолио на висококвалитетни производи од приватните трговски марки dm. Секој нов производ добива можност за тестирање, за на сите купувачи во Европа да им се понуди унифициран асортиман што купувачот го очекува.

Какви се плановите во поглед на новите производи, дали наскоро може да се очекуваат нови производи. Според кои критериуми ги избирате новите производи и колку често ги воведувате?
Внимателното слушање на импулсите од пазарот, заради навремено улистување на релевантните асортимански новитети, прави дм да се профилира како иноватор на пазарот во Македонија. Квалитетот на производот е првиот услов за влез на полиците во „дм дрогерие маркт", без разлика на степенот на иновација. Секое воведување на новите производи е следено со силна комуникација, за ненаметливо, но многу јасно да се запознаат купувачите со специфичностите и со предностите на новите производи.

Дали досега сте соработувале со производители од Македонија кои за вас би произведувале? Ако не, дали планирате да воспоставите таква соработка и кои квалификации треба да ги има вашиот партнер?
„Дм дрогерие маркт" во Европа работи во повеќе од 3.200 малопродажни објекти во 12 земји, настојува, за сите земји, за секој производ од приватната трговска марка, да го обезбеди истиот висок квалитет на производите што потекнуваат од еден производствен погон за сите малопродажни објекти во Европа. 
 
Продукт-менаџментот за приватните трговски марки, со седиште во Германија, кој работи на креирање и на развој на сите брендови од приватните трговски марки dm, ги собира сите понуди од Европа, поврзани со производството на производи, така што тој е отворен и за соодветни понуди и од компаниите од Македонија. Засега сме немале искажана иницијатива од македонските производители за производство на одредени производи од брендот dm. Секако поканата за тоа е секогаш отворена и добредојдена. 

Колку вкупно филијали дм имате во Србија, а колку во Македонија?
Во моментов дм во Србија работи со 62 малопродажни објекта, додека во Македонија е присутен на девет локации во три градови (Скопје, Тетово и Велес). На европско ниво, „дм дрогерие маркт" има повеќе од 3.200 малопродажни објекти и поради тоа е најголемиот синџир дрогерии во Европа.

Дали планирате отворање нови продавници до крајот на годинава? Кои се плановите во поглед на експанзија на трговскиот синџир во 2016 година?
Во согласност со многу позитивните резултати поврзани со експанзијата во минатиот период, продолжуваме со внимателно испланирани позиционирања на нови локации, кои, во наредните 12 месеци, ќе овозможат ширење на малопродажната мрежа на дм на територијата на Македонија.

Кои се критериумите за избор на нови локации за продавниците „дм дрогерие маркт"?
Наша цел е новите малопродажни објекти да го задоволат слоганот со кој ги обележуваме новите отворања: Уште поблиску до вас. Затоа ја зголемуваме мрежата и ја оптимизираме фреквенцијата на објектите „дм дрогерие маркт" во Скопје, но тежнееме да отвораме и продажни објекти и на најдобрите локации во другите градови во Македонија.

Дали имате проблеми со увозот и со царинските давачки? Колку е тешко да се балансира меѓу квалитетот, високите давачки и создавањето достапни цени за крајните купувачи?
Поедноставниот увоз на производите од Европската унија, како и нивото на царинските стапки укажува на тоа дека Македонија во значителна мера со законските регулативи се приближува до законите на ЕУ, што овозможува забрзување на одредени процеси. Тоа најдобро може да се види по тоа што новитетите од приватните трговски марки dm, по појавувањето во Германија и во Австрија, по неколку недели се појавуваат на полиците во „дм дрогерие маркт"-Македонија. Транспортните и придружните трошоци поврзани со увозот и со регистрацијата на производи, сепак, влијаат на нивото на конечните цени. Во одредени случаи високите трошоци за дополнителна регистрација на производите во согласност со македонското законодавство и во согласност со ограничениот потенцијал на пазарот предизвикува откажување од појавувањето и од пласирањето на одредени производи од приватните трговски марки dm во Македонија. Тоа, секако, влијае и глобално на намалување на понудата на пазарот во одредени асортимански аспекти. 

Можете ли да го споредите работењето во Македонија и во Србија? Како би ја опишале конкуренцијата во Македонија, што е позитивно, а што може да се коригира?
Имиџот на брендот dm на многу сличен начин се развива во согласност со корпоративните стандарди во Србија и во Македонија, во согласност со почитувањето на општествените и на економските трендови на пазарот. Тоа што е карактеристично за нашето работење е оцената дека нашиот слоган „Тука сум човек..." во целосна смисла е пренесен во сите сфери на работењето. Во таа смисла, настојуваме со сите наши партнери да негуваме долгорочна, сигурна и транспарентна соработка, проследена со полн квалитет на дијалози и на договори и со јасна цел дека во центарот на сите наши активности ги ставиме купувачите и тоа оние, кои насмеани ќе влезат, а задоволни ќе излезат од нашите објекти при секое купување. Пазарот во Македонија покажува интензивно зајакнување на дисконтните синџири особено во сегментот FMCG, но просечниот купувач во Македонија, кој знае што бара и е самосвесен, јасно знае што сака и што може да добие во секој трговски синџир. „Дм дрогерие маркт"  во секој момент настојува очекувањата на купувачот да ги оправда и со нешто да ги изненади, а преку ефектот на изненадување, заеднички со купувачите, ги облагодарува, не само навиките на купување туку и, сопствените животни моменти. 

Во кој правец размислува „дм дрогерие маркт" кога станува збор за маркетингот? Дали стратегијата за маркетинг се создава глобално, а се реализира локално? Дали можете вие да спроведувате локални маркетинг-активности?
Маркетинг-платформата на дм заеднички во соработка со сите земји, се обликува на глобално ниво и секоја година доживува динамични надградувања во согласност со трендовите, како и со развојот на новите канали, а благодарение на сè поголемото влијание на дигиталните медиуми и на социјалните мрежи. Глобалните алатки се имплементираат на локално ниво во зависност од трендовите на пазарот и на потенцијалот на одредени канали, а во согласност со навиките на купувачот. Целта е на соодветен начин и ненаметливо, да се биде сè поблиску до купувачите. Осмислувањето на локалните маркетинг-активности на дм во Македонија ги следи глобалните насоки, но оставена е можноста, во согласност со специфичностите на пазарот, да се креираат посебни активности кои, повторно, ќе ги изненадат и ќе ги израдуваат постоечките купувачи, а ќе привлечат и нови и ќе овозможат на вистински начин да се запознаат со концептот „дм дрогерие маркт", како место на нивото идеално купување. 

Со оглед дека во 2014 година во Македонија остваривте вкупен промет од 4,5 милиони евра, со пораст од 59,12 отсто, какви се резултатите за 2015 година? Дали се исполнија вашите очекувања?
Во цела Европа дм оствари исклучително успешна деловна година (период од октомври 2014 до октомври 2015 година) со пораст поголем од 9 отсто во однос на минатата деловна година, со остварен промет од 9,1 милијарди евра. 

Постигнати се одлични резултати и значителен развој на прометот на „дм дрогерие маркт" во Македонија од 33 отсто во споредба со минатата деловна година, со остварен промет од 6,1 милиони евра. Тоа покажува дека Македонија е пазар што добро го прифати концептот на овој трговски синџир и дека постојат јасни насоки за иден динамичен развој на овој пазар.

Големо внимание посветувате и на општествено-одговорното работење и на хуманитарните акции. Колку таквиот начин на работење влијае на имиџот на компанијата?
Водејќи се од слоганот „Тука сум човек", дм постојано поддржува различни социјални установи и проекти за благосостојбата на заедницата. Во периодот од 2012 година до денес, колку што „дм дрогерие маркт" работи во Македонија, преку директни и индиректни донации, поддржавме повеќе од 15 установи или манифестации. Последните донации се упатени на ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања кај децата – „Козле" во Скопје, како и во Општата болница во Велес.

На глобално ниво, „дм дрогерие маркт" се обврза дека ќе ја намали емисијата на јаглеродниот диоксид за 15 отсто, а во Македонија воведовме бесплатни заменливи памучни торби како трајно еколошко решение. На тој начин, под слоганот „Подобро торба во рака, отколку ќеса на гранка", успешно влијаеме врз намалувањето на потрошувачката на пластичните ќеси.



 
 
 
 
back to top