IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Посетивме: Транспорт и логистика, Минхен 2017

15.08.2017
 

На најголемиот светски саем на логистика и дистрибуција, кој се одржува секоја втора година, InStore беше присутен како еден од ретките претставници на медиумите од Јадранскиот регион

Автор: Максим Ѓуровиќ, maksim@instore.rs

Најголемиот саем на транспорт и логистика во Европа, Transport Logistic во Минхен, се одржа од 9 до 12 мај и претставува водечки меѓународен саем од областа на транспортот, логистиката, мобилноста, синџирот на дистрибуција и ИТ-секторот во транспортот и логистиката. Во текот на саемот се организираат и трибини во врска со најновите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката.

На саемот се испреплетуваат излагачи од сите видови транспорт. За транспортните компании веројатно најатрактивни се халите со штандовите на потенцијалните партнери од речиси сите земји во Европа и во Азија, како и транспортните берзи. Исто така, во посебни хали се концентрирани излагачи од областа на обезбедувањето на товарот на возилото, превоз на опасни материи, можности за складирање и слично.

Посебно место имаат и излагачите со нивните софтверски решенија за оптимизирање на работењето на возните паркови, следењето и сл.

Посетителите и излагачите можат да имаат разновидна корист од оваа водечка светска саемска изложба во Минхен. Како прво, на едно место е собрано сè што е потребно за една транспортна и логистичка фирма да функционира. Исто така, на едно место може да се види преглед на светските иновации за периодот помеѓу последните две изданија на саемот. Саемот собира на едно место голем број европски и светски водечки фирми. На високо ниво е и квалитетот на програмата на конференции. И, се разбира, саемот е прилика да се остварат многубројни нови деловни контакти. Саемот се одржува на две години.

Голем број излагачи од регионот

Меѓу 2.162 излагачи од целиот свет, имавме прилика да видиме и шест компании од Србија: „Карго партнер", „Делта транспортни систем" (ДТС), „Милшпед груп", „Паншпед Србија", „Стандард лоџистик" и „ТКА Транспорт комби АС". Од Словенија беа присутни вкупно 25 компании, 14 од Хрватска, а од другите земји од поранешна Југославија немаше претставници. Најмногу излагачи, ако не ја броиме Германија, имаше од Холандија – вкупно 118 компании, од Италија – 101, од Белгија – 65, од Франција – 43, од Чешката Република – 38  од Швајцарија – 37, од Кина – 36 итн.

Централна тема - дигитализацијата

Дигитализацијата беше централна тема на годинешниот саем на логистика и дистрибуција. Како што велат организаторите, во актуелниот момент дигитализацијата во голема мера ги менува трендовите во транспортот и логистиката.

Шпедитерите и логистичките компании работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот, но и на самите пазари.

Стручни предавања и дискусии

Покрај огромниот број излагачи, посетителите можат бесплатно да присуствуваат на стручни предавања на четири различни локации во саемот. Од 10:00 до 17:30, секој ден, се одржуваат полчасовни предавања на водечките компании, агенции, истражувачи и експерти од областа на логистиката и дистрибуцијата. Годинава беа одржани осумдесет предавања и тркалезни маси на разновидни теми. Некои од нив се: Дигитализација во логистиката, примерот со работењето на „Силикон велеј" во САД, Логистика 4.0, Концептуални решенија во дистрибуцијата во градовите, E-mobility/e-commerce/e-next, нови визии за логистиката на иднината, Како дигитализацијата ќе ги промени транспортот и логистиката, итн.

Рајан Петерсен, главен извршен директор на компанијата „Флекспорт" во една панел-дискусија истакна: Секоја компанија мора да стане софтверска компанија, затоа што софтверот е клучниот фактор.

Бернард Швенгер, директор на „Амазон лоџистик", рече дека „синџир на достава" бил погрешен израз и дека треба да се преименува во „синџир на побарувачка", затоа што во фокусот на работењето треба да биде клиентот: Последниот километар е најголемиот предизвик и, за да може да им се даде поефикасна поддршка, клиентите мора да бидат подготвени да ги споделуваат своите податоци, додаде Стефан Карлен, директор на групацијата „Паналпина".

Штефан Бухнер, член на дивизискиот борд „Дајмлер Тракс" и „Мерцедес-Бенц тракс Дајмлер АГ", рече дека благодарение на дигитализацијата, како компанија се сè поблиску до остварувањето на својата визија за „seamless future transport" (беспрекорен транспорт).

Во своето излагање „Можности и ризици во дигитализацијата", Фраук Хејстерман, главен офицер за дигитализација во „Сименс" – поштенска, пакетна и аеродромска логистика, објасни дека голем предизвик за транспортните и логистичките компании е тоа што можностите и пречките често се многу блиску едни до други. На секоја компанија ѝ е потребен основен комплет, кога станува збор за дигитализација, затоа што податоците се новото злато. Но, ако секој клиент ги користи само своите податоци и тоа само за себе, тогаш ќе нема синергија и напредок. Погрешно е податоците да се чуваат само за себе. Дигитализацијата ја подобрува меѓукомпаниската соработка, но, за жал, не ги користат сите во иста мера податоците, рече Хејстерман.

 

Дигитализацијата отвора нови димензии во комуникацијата, што досега биле затворени, и на тој начин ги поврзува сите учесници меѓусебно и во непрекинат синџир.

Поврзувањето има клучна улога, рече Микаел Лундквист, директор за стратегии, комуникации и маркетинг во „Сканиа" за Германија и Австрија. Светот на патниот товарен сообраќај во овој миг минува низ значајна промена. Фокусот е на одржливите транспортни решенија. Дигитализацијата и поврзувањето се клучен услов за новиот развој. Денес повеќе од 50.000 клиенти на „Сканија" ширум светот имаат на располагање детални податоци за флота од околу 250.000 возила, рече Лундквист, зборувајќи за отворената независна платформа „Scania one", што ја користи компанијата за развој на своите услуги.

Како што рече тој, станува збор за сеопфатна платформа за услугите што се достапни во моментов и што ќе бидат достапни во иднина, чија основа се мобилни и стационарни уреди.

Ова е само дел од излагањата на експертите од компаниите како „Логикс", АИМ, „Фраунхофер", „Логистик хојте", ДВФ, БВЛ, „Телематик", „Билком", „Логистра" итн.

Порака до потенцијалните посетители и изложувачи

Импресивно е секоја втора година да се дојде на концептуално толку добро организиран саем, а сигурно меѓу вас има многумина што досега не го посетиле. Нашата препорака е да земете неколку слободни денови да го посетите, да видите каде оди иднината на логистиката и дистрибуцијата, затоа што, освен во Минхен, невозможно е на друго место да видите толку иновации, трендови и да слушате еминентни говорници собрани на едно место.

Уште еднаш, честитки на компаниите од регионот што беа изложувачи во Минхен. Се надеваме дека за две години ќе се зголеми нивниот број, дека можеби и ќе видиме национален промотивен простор на српските компании, каков што имаа годинава излагачите од Словенија и од Хрватска, а и дека македонските и босанско-херцеговските компании ќе ги увидат бенефитите од излагањето на една ваква манифестација и дека ќе се охрабрат да изложуваат.


 
 
 
 
back to top