IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Петер Коиш: Да се остане на врвот

18.04.2013
Интервју од регионот: Петер Коиш, генерален директор, „Баeрсдорф" Србија

Разговараше: Уна Милиќевиќ

Како една од водечките меѓународни компании за нега на кожата, компанијата „Баерсдорф", според зборовите на нејзиниот прв човек во Србија, Петер Коиш, е блиска до потрошувачите и им нуди привлечни и иновативни производи повеќе од 125 години.

Што е потребно за еден бренд да биде толку години на врвот?

Тоа секогаш е комбинација на неколку фактори, но ние како најбитен го гледаме квалитетот на производот, а потоа тука се и иновациите и континуитетот. Морате да го достигнете тоа вашите производи да станат генерички назив за некоја категорија. Ние успеавме во тоа, бидејќи секогаш се зборува за синиот крем или за синото млеко за тело. Но, најбитно е да ги препознаете потребите на потрошувачот, да знаете што очекуваат, што им е потребно и на крајот да успеете да произведете производ што ќе ги задоволи нивните потреби.

Дали поради тоа е поголема и Вашата одговорност и во која смисла?

Долгогодишната историја покажува дека нашата фирма успеала да го постигне тоа за што зборував пред малку. Од тоа автоматски произлегува фактот дека луѓето кои ја водат компанијата се посветени на тоа да ги задржат тие позиции и да продолжиме да ја развиваме успешната работна приказна. И тоа не важи само на глобално ниво, туку и овде во Србија, каде што имаме историја подолга од 80 години. Тој факт нè обврзува да се однесуваме одговорно и кон фирмата и кон брендовите што ги продаваме на овој пазар.

Колку долго сте во компанијата и што сметате дека е Ваш најголем придонес за нејзиниот развој?

Во компанијата „Баерсдорф" работам веќе 15 години и за најголем придонес го сметам тоа што ја основав фирмата во Словачка, како и во Србија. И мислам дека успеав како менаџер да ги пронајдам вистинските колеги што го сочинуваат „’рбетот" на фирмата во Србија. Тие што работат со мене до ден-денес останаа да работат во фирмата и тоа некако го сфаќам како мој најголем успех и придонес.

Од кога сте во Србија? Каква ситуација затекнавте на пазарот и што се има променето оттогаш?

Во Србија првпат дојдов во 2001 година, во септември, кога почнав со подготовките за основање на фирмата-претставник, што почна да работи во јануари 2002 година, кога дојдов овде да живеам со семејството. Тешко е да се оцени дали условите за работење тогаш беа полесни или потешки, но ситуацијата беше поинаква. Поголем беше бројот на малите продавници, во споредба со организираната трговија, што од година во година полека се менуваше.

Од друга страна, какви промени имате согледано во навиките на потрошувачите?

Кога почнувавме во Србија, ситуацијата беше малку поинаква. Не беше толкава конкуренцијата, немаше толку производи. Генерално, потрошувачите имаа желба да почнат да користат нешто ново што порано не било достапно. Но, што се однесува на некое нивно основно однесување, се немаат променето многу нешта. Она што се менувало е купувачката моќ. Прашањето е дали таа се намалувала или зголемувала, што сигурно влијае на одредувањето на приоритетите на потрошувачите. Но, можам да го кажам дека српскиот потрошувач секогаш барал и секогаш е во потрага по квалитет и иновации. Српскиот потрошувач, пред сè женскиот пол, ги следи сите трендови што се појавуваат на другите пазари и ги бараат и на својот. На почетокот имаше случаи на постоење на трговци што, како нас, самите увезуваа мали количества стока што виделе дека постојат и во околината, а што ги немало на српскиот пазар.

Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.6

 
 
 
 
back to top