IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 23.06.2017 || Нова аквизиција на „Лаваца“  |  „Диаџио“ доби одобрение за нова дестилерија  |  Bacardi е најпродаван рум во светот  |  „Мари Бризар“ оживува ликер од „Титаник“  |  „Данон“ го зголеми профитот за 20 отсто  |  „Амазон“ го купува „Хол фудс“ за 13,7 милијарди долари  |  Очекувајте го јунскиот број на InStore   |  „Дневни соби“ од Chipsy за студентите  |  Повеќе од 85 брендови пиво во Maxi  |  „Макпрогрес“ со пораст на извозот  |  Млеко, сирење и путер – само од животинско потекло  |  Нова инвестиција на „Империал тобако“  |  Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот  |  Понеповолни очекувања во преработувачката индустрија  |  Прв отворен ден на GS1 Македонија  |  „Ероски“ ги намали загубите  |  „Алди“ затвора 32 продавници  |  „Теско“ тестира роботизирана достава  |  СКМ пристапи кон „Патот на свилата“  |  „Млекара Шабац“ гради фабрика во Русија  |   ||
   

Петар Ќорлука: Од почетоците во Груде до производи во Азија и во Африка

22.05.2017

Подготви: Марко Храстар, marko.hrastar@instore.si

Петар Ќорлука е претседател на управата на компанијата „Виолета", која врз основа на неговата деловна визија низ годините се прошири од Груде во Босна и Херцеговина низ сите земји во регионот. Разговараме за патот што го изоделе од основањето на компанијата, формулата за успешноста и кадровската политика, како основа за иднината на „Виолета".

 

Како накусо би ја раскажале приказната за „Виолета"?

Почнавме со трговија, но набргу сфативме дека сакаме да се развиваме кон производство, затоа што производството создава додадена вредност. Приказната за „Виолета" почна да се развива во 2002 г. со првиот производ, суви марамчиња. Оттаму продолживме кон тест-производство на тоалетна хартија и на кујнски бришачи. Беше потребна голема самодоверба за да почнете производство во времиња кога околината не беше охрабрувачка за нови претприемнички потфати. Верувавме дека можеме да развиеме квалитетни производи и да го најдеме патот до домовите на потрошувачите. Денес имаме три фабрики во кои произведуваме повеќе од 240 сопствени производи и сме ексклузивни застапници на реномирани брендови.

Одбирајќи го својот деловен пат, како се решивте токму за категоријата хигиена?

Не влеговме сосема случајно во работењето со хигиенски производи. Имено, се работи за стока со голем обрт, која не останува долго во магацините, затоа што се бара и во време на криза. Тука го препознавме нашиот полн потенцијал и тргнавме со производство. Со иновации на пазарот и со нови артикли, настојуваме да бидеме интересни за потрошувачите, така што развивме хигиенски производи во 17 категории.

Компанијата во 2015 година се најде меѓу десетте најпосакувани работодавци во БИХ (извор: posao.ba) и веројатно успеавте да ја задржите таа позиција? Во што е вашата тајна?

Нашата тајна е во континуитетот на работењето, инвестирање во брендот, нови технологии, но, пред сè, во едуцирање на нашите вработени. Главен критериум за напредување, во кој било оддел, се залагањето и ентузијазмот. Се трудиме секому да му дадеме можност да го искаже своето мислење, а секој нов предлог е секогаш добредојден.

Присутни сте во Словенија, во Хрватска преку ќерки-фирми, а на пазарите во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и во Унгарија имате изградено дистрибутивна мрежа преку партнерски компании. Каков е пазарниот удел во споменатите земји?

На сите споменати пазари од година во година бележиме само пораст, најмногу во категоријата кујнски бришачи, во која некако станавме најпрепознатливи. Следат тоалетните хартии и детските пелени. Секако, во наведените земји имаме уште простор за напредување и за развој. Секогаш настојуваме да бидеме конкурентни, а особено ни е драго кога ќе се потврди дека нашите производи се прифатени и на соседните пазари.

„Виолета" во последните години во голема мера се прошири и во други региони. Ако се точни нашите информации, купувачите можат да ги најдат вашите производ и во Германија, Франција и во Велика Британија, па дури и во скандинавските земји. Дали можеби преминавте и на другите континенти и како ги создавате контактите?

Особено сме горди на соработката што ја почнавме со европскиот трговец „Шпар" на пазарот во Австрија. Од почетокот на април, детските пелени и марамчиња Violeta се достапни на полиците на „Шпар" - Австрија. Со тоа Violeta стана првиот бренд од овие простори во непреханбени категории што е присутен на австрискиот пазар.

Покрај тоа, оваа година извезувавме дури и во Нова Каледонија, а уште пред неколку години почнавме да соработуваме со партнери од Блискиот Исток, од Средна Азија и од Африка.

Имаме повремени контакти и со, така да се изразам, егзотичните пазари, но најпрвин сакаме да ги развиеме европските пазари, со фокус на пазарите во нашиот регион. Секојдневно имаме многубројни обраќања за соработка, но и самите контактираме со потенцијални партнери. Соработката ја остваруваме врз основа на детални анализи и на истражувања на пазарите и избираме сигурни и стабилни партнери што веќе имаат деловен кредибилитет на одредени пазари.

Повеќето производи ги тестирате во институтите „Фресениус" и „Еурофинс". Како изгледаат тие тестирања?

Особено ни е важно технологијата и квалитетот на производите да бидат на високо ниво и од тие причини ги користиме услугите на ценетите германски институти „Фресениус" и „Еуроинс", каде што редовно правиме микробиолошки тестирања. Особено внимание им обрнуваме на контролата на нашите најосетливи производи, како влажните марамчиња за деца. Бидејќи сакаме да имаме контрола над сите влезни суровини и производи што ги добиваме, покрај таа екстерна контрола, правиме и наши интерни контроли, во модерно опремени лаборатории.

Произведувате во Груде, во Босна и Херцеговина, и во Света Елена, кај Загреб, во Хрватска. Со оглед дека прометот постојано ви се зголемува, планирате ли да отворите нови фабрики?

Секако, планираме идни инвестиции, како и унапредување на постојните производствени погони. Инвестираме во квалитетно управување на производството, што ни овозможува директно да влијаеме на самиот квалитет на производите и на продуктивноста на трудот. Уверени сме дека само со непрекинато работење може да се постигне резултат што ќе биде вреден за внимание.

По нешто повеќе од 15 години работење, имате околу 950 вработени. Каква е структурата на вашите вработени и каква кадровска политика применувате кога ги одбирате новите вработени во вашата компанија? Рековте дека имате сериозни планови за вложување во обрзованието. Во кои области?

Кај вработените најмногу ја цениме посветеноста на работата, а ако се талентирани и работливи, за нив тогаш не постојат граници. Низ работењето, со колегите се консултираме за сè, затоа што сметаме дека секогаш мора да бидат задоволни двете страни. Се трудиме секому да му дадеме можност да го искаже сопственото мислење, а секој нов предлог е секогаш добредојден.

Структурата на вработените е таква што речиси 50 отсто од вработените се жени, на што сме особено горди. Просечната вораст на вработените е 35 години. На сите вработени им нудиме континуирано понатмошно усовршување, низ разни екстерни и интерни едукации, работилници и тренинзи.

Групацијата „Виолета" е ексклузивен застапник на некои од најпознатите светски брендови (Ferrero, Barilla, Freddi, Paladin, Ehrmann, Seeberger, Frico, Pik, Danone, Katjes...). Каков е уделот на тој сегмент од работењето и ви помага ли тоа во управувањето со сопствениот бренд Violeta?

Уделот на тој сегмент од работењето е важен, му посветуваме големо внимание, како да се работи за сопствени брендови. Секако сме во предност кога на купувачите им нудиме толку широк асортиман на сопствени и на дистрибуциски брендови. Важно е и искуството што го стекнавме со долгогодишна соработка со силни меѓународни брендови, од кои имавме многу можности за учење и за размена на знаења, практики и искуства. Во секој миг сме во можност да се консултираме со колегите што водат познати светски брендови, што го сметаме за голема предност.

Каква е добивката за минатата година и какви беа приходите, ако ги погледнеме пазарите во регионот? Бележите ли сè уште пораст?

Violeta е релативно млад бренд. Но, во многу краток период усепавме да се пробиеме на пазарот и во некоку категории да ја заземеме лидерската позиција.

Во 2016 г. остварвме пораст на приходите од 10 отсто, пораст на производството за 10 отсто, како и извоз од нешто повеќе од 30 отсто. Во БИХ имаме пазарен удел од 30 до 60 отсто и сме лидери во шест категории на производи. Во категориите во кои не сме лидери, сме на второто место во однос на конкуренцијата. Самите себеси си го поставуваме таванот многу високо, така што имаме амбициозни цели и планови и за идната година.

Во „Виолета" е, како што рековте, сè подготвено за влегување на БИХ во Европската Унија. Што очекувате од тоа приближување кон подобро? Кој ќе биде вашиот прв потег?

Со влегувањето на БИХ во Европската Унија очекуваме да се спуштат бариерите што се поставени пред нас како земја што не е членка, а извезува во земјите од Европската Унија. Очекуваме голем пораст, затоа што извозот од БИХ во голема мера ќе се олесни и ќе се поедностави. Станува збор за пазар со повеќе од 500 милиони жители, со голем потенцијал. Во тоа гледаме прилика и предизвик.

Многу се вложува во трендови и во иноваци. Каде ги бара „Виолета" своите работници технолози?

Постојано вложуваме во едукација на нашите вработени затоа што сметаме дека од квалитетот на човечкиот потенцијал зависи успехот на целиот систем. Во текот на целата година правиме разни презентации на факултетите, а со години нудиме и практика во текот на летата, со што на младите им нудиме прилика веднаш по школувањето да стекнат искуство и работни навики, како и можност да напредуваат и да растат во компанијата. Дури 65 отсто од нашите млади колеги своето прво работно искуство го стекнале во „Виолета".

Во 2016 г. остваривме пораст на приходите од 10 отсто, пораст на производството за 10 отсто, како и извоз од нешто повеќе од 30 отсто.

 Секоја година развивате по некој нов производ. Кога можеме да го очекуваме лансирањето на производи од другите (пот)категории средстава за чистење, на пример, средства за чистење подови и прозорци?

Да, континуирано се трудиме да го одржиме активен односот со потрошувачите, да им нудиме нешто ново, подобро и поквалитетно. Ова година, досега, имаме шест завршени нови проекти. Освен тоа, за пролетва планираме да излеземе со средства за чистење стакло во три варијанти. Наесен, ако сè оди според планот, можеме да очекуваме да излеземе и со средства за чистење подови.

Со кои предизвици се соочувате како компанија од БИХ што си го разгазува патот до пазарите во ЕУ?

Освен пречките во увозот, односно што ја немаме предноста што ја имаат членките на Унијата, се соочуваме и со предрасудите поврзани со имиџот на производите што се произведени на територијата на БИХ. Сметаме дека како земја би требало да поработиме на имиџот, не само надворешно, туку потребни ни се и длабински промени во поглед на подобра перцепција, како на целата земја, така и на производите од БИХ. Нашата предност е тоа што не се плашиме од високите очекувања на европските пазари, зашто сме сигурни дека можеме да бидеме конкурентни со висок квалитет. Најважното за нас е потрошувачите да решат да ги пробаат нашите производи, со што и самите би се увериле во тоа.



 
 
 
 
back to top