IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

PLMA: Промена на начинот на размислување

21.08.2017
 
Нови малопродажни сојузи, состаноци на „Амазон" со производителите на најмоќните брендови, малите трговци бараат помош од ЕУ, големиот тренд на малите кошници... Ова се само дел од промените на малопродажниот пазар.

Извор: PLMA

Нови малопродажни сојузи

Трендот на зголемување на европските малопродажни сојузи продолжува. Во Германија, шест компании реализираа партнерство во „Ритејл трејд груп". Тоа ќе биде нова групација на трговците „Реал", „Нето", „Бартелс-Лангнес", „Бинтинг", „Клас унд Кок" и „Георг Јос". За „Нето", новата групација го заменува постојниот договор за набавка со „Едека". Во Италија, прехранбениот трговец „Селекс" и дрогеријата „Аква & Сапоне" потпишаа партнерски договор, кој вклучува соработка во областа на приватните трговски марки (ПТМ), како и нови бизнис-можности и најдобри деловни практики. „Селекс" ќе ја поддржи дрогеријата во развојот на брендираните производи, управувањето на односите со доставувачите и во осигурувањето на квалитетот.

 

„Амазон" се состанува со најмоќните брендови

Американскиот интернет-гигант „Амазон" се состанува со производителите на најмоќните брендови за да ги увери во испраќањето на производите директно до е-купувачите, при што ќе ги заобиколат физичките трговци. Генералните директори на „Џенерал Милс", „Монделез" и на други големи компании, присуствуваа на тридневни состаноци.

Времињата се менуваат, пишувало на поканите на „Амазон" – Веруваме дека синџирите за снабдување, кои се замислени да му служат директно на купувачот, имаат сила за подобрување на купувачкото искуство и на глобалната ефикасност. За да се постигне тоа, потребна ни е голема промена во начинот на размислување.

 

Малите трговци бараат помош од ЕУ

Сојузот на големопродажната и на малопродажната трговија „Еурокомерц", ја повика ЕУ на промена на договорите за малите и за средно-големите трговци. Во документот, сојузот се фокусира на предизвиците со кои се соочуваат малите трговци и големопродажните компании, укажувајќи на потребата од помош од Унијата и од националните власти. „Еурокомерц" предлага мерки што вклучуваат помош за развој на интернет-платформи, полесен пристап до финансиски средства, отстранување на границите за работење во странство на малите и на средните претпријатија, како и намалување на оптоварувањата за малите извозници и увозници.

Нашиот сектор дава огромен придонес за економијата во ЕУ, како најголем работодавец во приватниот сектор. Високопродуктивната и приспособлива индиустрија, прави приход од повеќе од 5,5 милијарди евра, рече Кристијан Вершурен, извршен директор на „Еурокомерц".

 

„Диа" го прошири брендот Delicious

Шпанскиот трговец „Диа" соопшти дека брендот Delicious забележал околу 49 милиони евра приход, што е за 44 отсто пораст во однос на минатата година. Линијата, специјализирана за гурманска храна, ја сочинуваат 260 производи, вклучувајќи тестенини, десерти, млечни производи и чоколада. Производите може да се најдат во продавниците на „Диа" во Шпанија, Португалија, Бразил и во Кина. Трговецот планира да ја претстави екстензијата на линијата Delicious, да го прошири просторот за промоции во продавниците и да лансира кампања што ќе биде фокусирана исклучиво на ПТМ.

 

„Жеронимо Мартинс" победува со ПТМ

Приватната трговска марка придонела за пораст на продажбата на потругалскиот трговец „Жеронимо Мартинс". Продажните резултати во полските супермаркети „Биедронка" се зголемиле за повеќе од 10 отсто. Трговецот претстави 109 нови производи од ПТМ, кои сега сочинуваат 43 отсто од вкупната продажба во „Биедронка". На португалскиот пазар беа лансирани 40 нови производи од ПТМ, што резултираше со зголемување на продажбата во продавниците „Пинго досе" на 823 милиони евра.

 

„Ошан" ја прошири линијата производи за убавина

Францускиот трговски синџир „Ошан" ја прошири линијата за убавина Cosmia, како дел од стратегијата за подобрување на понудата производи за здравје и за убавина во сите свои формати на маркети. Линијата ќе покрива повеќе од 500 SKU производи со природни состојки. Cosmia е обемна линија за целото семејство (гел за чувствителна кожа, антиалергиска шминка и многу други природни производи). Од компанијата сметаат дека тоа ќе биде бренд за убавина во сите држави, каде што имаат продавници. Во новиот формат „Ошан супермаркет", ПТМ ќе биде дел од стратегијата за зголемување на продажбата на сегментот за убавина. Маркетите ќе имаат посебен простор со екрани, како и советници за помош на купувачите.

 

„Вејтроус" ја гради линијата Good To Go

Британски „Вејтроус" на Островот лансираше 23 линии како дел од модернизацијата на здравите производи Good To Go. Производите во асортиманот се со нови пакувања, а 18 од постојните линии, се реформулирани со подобрување на рецептурата. Good To Go сега вклучува тостови и сендвичи со помалку од 300 калории, како и повеќе опции за вегани и за вегетаријанци. Трговецот вели дека неговиот развоен тим ги проучувал трендовите во исхраната и дека освен тие од САД и од Мексико, присутни се влијанија и од грчката и од карипската кујна, со сотојки како: грав, мирудија, копар, маслинки, јамајканско пилешко, ананас и манго.

 

Купувачите трошат помалку на промоции

Нивото на трошењето на потрошувачот на промоции во британските супермаркети е најниско во последните 11 години, валат од „Нилсен". Истражувачката компанија утврди дека околу четвртина од потрошувачката била на производи што нудат привремено намалени цени или на попуст за поголемо количество производи, што е најниско ниво од 2006 година. Намалувањето на промотивните трошоци се одвива во сите категории, а тоа е поизразено кај приватните трговски марки, кај кои само 18 отсто од потрошувачката била на промотивни артикли.. 

Голем тренд на мали кошници

Малите кошници не се само феномен на маалските продавници. Повеќе од 60 отсто потрошувачки кошници во големите формати, содржат шест или помалку производи, покажува глобалната студија на „Данхамби". Востановено е дека посетата на купувачи со помали кошници во големите формати секоја година се зголемува за 2,5 отсто на глобално ниво. Додека неделните купувања сè уште сочинуваат голем дел од приходите во маркетите, тие практики глобално се намалиле за 2 отсто во сите формати, а купувачкото искуство со мали и со средни кошници станува многу значајно за големите формати, бидејќи сочинуваат 35 отсто од продажбата. Зголемената урбанизација, помалите домаќинства и зголемениот временски притисок – се дел од факторите за пораст на малите кошници. Треба да се нагласи дека купувањето со помали кошници во различни региони се зголемува со различна брзина. На пример, тоа бележи пораст од 3 отсто во Азија, 7,5 отсто во Европа и дури 11 отсто во Јужна Америка.

 

Нема брзање за интернет-продажба

На француските купувачи не им се брза да купуваат производи преку интернет. Анкетата, која ја спроведе истражувачката агенција „Промис консалтинг", утврдува дека 95 отсто од корисниците на интернет, последното купување го направиле во супермаркет или во хипермаркет („Ошан", „Карфур", „Е. Леклер" и во „Жиан"). Друга студија покажува поголема стапка на интернет-купување од истражувањето на „Промис", но процентот и понатаму е низок. Околу 20 отсто од дигиталните купувачи од 18 до 64 години велат дека купиле прехранбени производи преку интернет во претходните 12 месеци.


 
 
 
 
back to top