IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

PLMA: Приватните марки засилено освојуваат

15.09.2017

Уделот на приватните трговски марки на европските пазари забележува континуиран пораст. Во Австрија тој изнесува 43%, во Германија 45%, а во друштвото на земји со двоцифрени пазарни удели кои почнуваат со четворка, влегуваат уште пет земји

Извор:PLMA

Приватната трговска марка во пораст низ Европа 

Популарноста на приватните трговски марки непрекинато расте низ Европа. Последните податоци од „Нилсен" покажуваат дека пазарниот удел на трговските брендови достигнал рекордна висина во девет европски држави и за првпат изнесува 30 или повеќе проценти во 17 до 20 земји, според Меѓународниот годишен извештај на приватните трговски марки на PLMA.

Статистиката во Извештајот за 2017 година открива дека уделот на приватните трговски марки достигнал рекордна висина во Германија, Италија, Холандија, Белгија, Полска, Австрија, Шведска, Норвешка и Данска.

Најголем пораст на пазарниот удел е забележан во Австрија, за 2,8 процентни поени на 43%, во Германија за 2,1 поен на 45% и во Полска за 1,4 поени на 30%.  Сега седум земји имаат пазарни удели од 40 или повеќе проценти: Велика Британија, Германија, Австрија, Белгија, Швајцарија, Шпанија и Португалија.


Голем пораст на „Алди"

„Алди" за три години ќе избие на позицијата втор најголем трговски синџир во Европа, зад „Лидл". Така предвидува „ЛЗ ритеилитикс", нова аналитичка групација на „Либенсмител цајтунг". Тие велат дека продажбата на дисконтерот ќе ја надмине продажбата на „Карфур", „Теско" и „Метро" до 2020 година.

„ЛЗ ритеилитикс" очекува пораст на „Алди зид" од Велика Британија, каде што густината на продажбата е поголема отколку на кој било друг пазар. „Алди зид" – В. Британија остварува приход од 15 милиони евра по продажно место, за споредба со домицилниот германски пазар, на кој остварува 8 милиони евра, a „Алди норд" по 5 милиони евра. Нови пазари се планира да се отворат во Италија и, веројатно, во Романија. За „Алди норд" перспективно изгледа Шпанија.

Аналитичарот напоменал дека последните години „Алди" бил во дефанзивна позиција на неколку европски пазари, вклучувајќи ја и Германија, земјите од Бенелукс и Јужна Европа. Заситувањето на пазарот , ограничувањето на големината и комплексноста на асортиманот и силната експанзија на „Лидл", направиле голем притисок на продажбата во „Алди норд" и „Алди зид". На тие предизвици „Алди" одговорил со унапредување на своите продажни места и со подобрување на ценовните и на комуникациските стратегии. Досега резултатите биле успешни, заклучиле од ЛЗ.

Приватната трговска марка напредува во Британија

Продажбата на приватните трговски марки е главен извор на пораст за трговците во велика Британија, според „Кантар ворлдпанел". Тие известиле дека продажбата на приватните трговски марки кај десетте најголеми британски трговски пораснала за 6% во период од 12 месеци до 21 март. За споредба, во истиот периодпродажбата на производите од А-брендовите пораснала за само 0,6%.

Според „Кантар", премиум асортиманот на приватните трговски марки непрекинато расте на големо. Ги цитирале зборовите што ги изјавиле од „Морисонс" минатата година при лансирањето на приватната трговска марка The Best, која привлекла поимотни купувачи и така од „Морисонс" направила најбрзорастечки трговец, четврти по големина.

Добивка е остварена и во економичниот асортиман. Обновениот асортиман на „Асда", Farm Store, помогнал за зголемување на продажбата на најниските категории за 20% во однос на претходната година.

Дисконтните синџири зајакнуваат во Германија

Дисконтните синџири го зголемуваат пазарниот удел во Германија. Во првите три месеци од годинава, порастот на продажбата кај дисконтерите бил околу четири пати поголем од оној во класичните супермаркети, покажува студија на ГфК. Додека зголемувањето на прометот во супермаркетите достигнало 1,1%, во дисконтите изнесувало 3,9%. Според ГфК, пазарниот лидер „Алди" забележал зголемување од 5,6%. Тоа значи дека дисконтите ги засениле сите останати продажни канали, се заклучува во студијата.

Обратниот тренд за некои аналитичари е изненадување, затоа што дисконтните синџири до неодамна заостанувале во пазарниот удел зад традиционалните супермаркети. Некои следачи на состојбите велат дека можеби причината е во тоа што поради зголемената инфлација, дисконтите со своите ниски цени привлекуваат повеќе купувачи. Други, пак, тоа им го припишуваат на активностите на дисконтерите за подобрување на купувачкото искуство, воведувањето премиум производи и промоции со ефикасно телевизиско огласување.

А-брендовите на интернет

А-брендовите ќе им се продаваат на интернет директно на потрошувачите. Електронската платформа за продажба на А-брендви, наречена „Шобр" (Shobr), им овозможува на произведувачите да ги пакуваат нивните производи директно за потрошувачите. „Шобр" по завршувањето на летото ќе почне со пробна продажба, која потоа ќе се прошири со почетокот на следната година. Плановите вклучуваат и отворање на дистрибутивен центар до крајот на годината. Одредено е минималното количество на нарачката, но доставата е бесплатна и се извршува во време по желба на купувачот, обично следниот дел.

Иницијативата на „Шобр" е почната во Данска, во соработка со данското здружение на А-брендови SLF и со бројните А-брендови. Семејството Карлсберг е еден од финансиерите. „Шобр" ќе нуди и прехранбени и непрехранбени производи.

Подем на вегетаријанското во Франција

Два трговски синџира во Франција ги прошируваат своите вегетаријански програми. „Карфур" извести дека асортиманот на нивната линија Carrefour Veggie се зголемил за 17 производи во одделите за храна и пијалаци. Ова лето вегетаријанскиот асортиман ќе се зголеми на 32 производа, од кои 22 се вегански, без никакви животински белковини. Во текот на 2016 година, во „Карфур" се продадени два милиони вегетаријански производи, од кои половината сигурно се од линијата Carrefour Veggie. На развојот на вегетаријанската понуда на многу начини ни укажува порастот на органскиот пазар, велат од „Карфур".

Во исто време, „Интермарше" лансираше бренд наменет за вегетаријанската кујна. Veggie Marché има асортиман од 9 производи. Првите производи се наменети за самопослужувачкиот оддел за деликатеси, но догодина ќе се прошири на смрзнати производи и на останати продукти. Одделот за свежи продукти во својот асортиман има ароматични галети од соја, галети на база на пченица, лупина и грашок, фалафел, медалјони, лазањи и вегетаријански плескавици.

Нутриционистичките етикети ја освојуваат Франција

„Интермарше", „Е. Леклер" и „Ошан" се првите трговци што ќе ја употребат (доброволно) официјалната нутриционистичка етикета. Нутриционистичкото лого NutriScore е усвоено како француско официјално лого и добило поддршка од Светската здравствена организација, која го пофалила поради тоа што е едноставно и лесно разбирливо. Меѓутоа, според правилата на ЕУ за единствен пазар, може да се применува само на доброволна основа.


 
 
 
 
back to top