IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 23.06.2017 || Просечна нето-плата во април – 22.672 денари  |  „Крафт Хајнц“ го разгледува купувањето на „Колгејт-Палмолајв“  |  Нова аквизиција на „Лаваца“  |  „Диаџио“ доби одобрение за нова дестилерија  |  Bacardi е најпродаван рум во светот  |  „Мари Бризар“ оживува ликер од „Титаник“  |  „Данон“ го зголеми профитот за 20 отсто  |  „Амазон“ го купува „Хол фудс“ за 13,7 милијарди долари  |  Очекувајте го јунскиот број на InStore   |  „Дневни соби“ од Chipsy за студентите  |  Повеќе од 85 брендови пиво во Maxi  |  „Макпрогрес“ со пораст на извозот  |  Млеко, сирење и путер – само од животинско потекло  |  Нова инвестиција на „Империал тобако“  |  Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот  |  Понеповолни очекувања во преработувачката индустрија  |  Прв отворен ден на GS1 Македонија  |  „Ероски“ ги намали загубите  |  „Алди“ затвора 32 продавници  |  „Теско“ тестира роботизирана достава  |   ||
   

PLMA: Приватните марки на европските пазари (2)

13.03.2017

Иновативни, информативни, достапни

Продажбата преку интернет сè повеќе е во фокусот на европските трговци, заедно со проблемот на брзата и ефикасна достава. Во Франција трговците се соочуваат со нови правила за декларирање на производите како домашни, а во Велика Британија се води ценовна војна меѓу приватните трговски марки

Извор: PLMA, www.plmainternational.com

Трговците сè повеќе на интернет

Трговците од цела Европа исклучително внимание им посветуваат на своите операции на интернет. По спојувањето, „Ахолд Делез" најави дека целта му е да ја удвои продажбата на интернет во Холандија и во Белгија до 2020 година, главно преку платформата bol.com.

Во Франција, „Карфур" ја прошири својата испорака во рок од еден час во Париз и во Неји на Сена, додека групацијата „Казино" даде понуда за преземање во готово на сите расположливи акции на компанијата за е-комерција под името „Кнова" од САД. Друг таков случај е понудата на шведскиот трговец „Аксфуд" да го купи „Матсе", онлајн-трговец со стока за широка потрошувачка.

„Лидл" во Германија бара начин да го прошири своето работење на интернет преку нов формат под името „Лидл експрес". Тој формат е комбинација на мала традиционална продавница со нарачување преку интернет. Платформата за нарачување преку интернет моментално е во фаза на тестирање под слоганот „Immer. Mehr. Online" или, во превод, „Секогаш. Повеќе. Онлајн". Групацијата „Реве" има цел нејзиниот сервис за достава на храна нарачана преку интернет да направи 800 милиони евра приход до крајот на 2019 година.

Нови правила за етикетите

Франција во јануари почна да ги остварува двогодишните напори насочени кон утврдување и означување на земјата на потекло месото и млекото користени за подготовка на готовите јадења. Оваа регулатива ги опфаќа јадењата во чиј состав има одреден процент месо или млеко. Ако јадењето содржи повеќе од 8 отсто месо и повеќе од 50 отсто млеко, нивното потекло мора да биде наведено на етикетата. Само јадењата што имаат 100 проценти француско млеко или месо можат да ја носат ознаката „Производ со француско потекло".

„Алди" се ориентира кон премиум

Продажбата на приватните трговски марки (ПТМ) Specially Selected на „Алди" во Велика Британија се зголеми за 25 отсто минатата година и достигна 600 милиони фунти. Во нив влегува зреено месо во вредност од над 3,5 милиони фунти и шампањско во вредност од над 1,25 милиони фунти, а „Алди" се надева дека продажбата на ПТМ Specially Selected ќе надмине 750 милиони фунти во 2017 година.

„Теско" ги намалува цените

„Теско" во Велика Британија најави поставување на нова ценовна рамка за 11.000 производи од своите линии на ПТМ. Програмата е осмислена за да овозможи конкурентност во однос на дисконтерите „Алди" и „Лидл", кои својот пазарен удел во голема мера го зголемуваат со продажбата на своите ПТМ.

Со овој ценовен систем, кој веќе го има применето на 500 производи од своите ПТМ, вклучувајќи ги и новите производи Farms, „Теско" планира да им парира со цена и со квалитет на производите на „Алди" и на „Лидл" во најмалку 60 отсто од основните ставки.

Bio– полн погодок за dm

Од dm, германскиот малопродажен синџир дрогерии, велат дека стратегијата на опсежна замена на нивната органска линија Alnatura и на различните поединечни прехранбени производи со нивната ПТМ dmBio, резултирала со значителен пораст на продажбата. Во непрехранбениот сегмент, трговецот известува дека во својата нова продавница во Франкфурт го тестира одделот „продавница во продавница", кој нуди услуги на козметичко советување. Во одделот се продаваат производите од нивната приватна трговска марка NYX.

Освен тоа, dm најави дека лансирал и ограничена серија козметички кутии под името „радост во кутија" во соработка со влијателни лица од Германија, кои водат блогови за козметичките трендови на различни социјални платформи.

„Интермарше" го лансира L`Essentiel

„Интермарше" изработува програма за својата ПТМ со нови производи и со промоции. Трговецот претстави асортиман без адитиви и без вештачки бои под брендот L`Essentiel. Низата од 18 производи вклучува јогурти, компоти и пиреа од смрзнат зеленчук.

Исто така, „Интермарше" ги промовираше своите ПТМ со помош на камион за храна што кружеше пред продавниците „Интермарше експрес" во Париз и во неговата околина. Секој ден купувачите можеа да пробаат готвени јадења направени од производите од ПТМ, што се произведени во Франција.

„Ероски" го шири портфолиото на SeleQtia

„Ероски" го реформира и го проширува своето портфолио на „гурманлук" под ПТМ SeleQtia. Меѓу новите производи се свежа и замрзната пица, свежи и дехидрирани тестенини, кантабриска сардина и благи печива. Производите SeleQtia не содржат ГМО, вештачки бои, конзерванси или делумно хидрогенизирана растителна маст. Секој производ има етикета со нутритивните вредности на предната страна од пакувањето. „Ероски" соопшти дека продажбата на линијата SeleQtia се зголемила за 10 отсто во изминатите неколку години.

Накратко

  • „Лидл" воведува колекција за нега на коса што ќе ја промовира Парис Хилтон.
  • „Веитрос" во Велика Британија ја претстави линијата Pure Hydration на британски производи со природно потекло, како што се прав за пилинг, масло и маска за лице од глина.
  • „Маркс и Спенсер" повторно ја лансираше линијата за нега на лице Formula.
  • „Интермарше" организираше натпревар во Португалија за да ја промовира својата ПТМ.
  • „Теско" освои 64 награди за својата приватна трговска марка на Меѓународниот вински натпревар.
  • „Монопри" ја проширува линијата на локални производи во нови региони.
  • „Масгрејв груп", ирски синџир за трговија на големо со храна, ќе почне со извоз на производи од линијата на својата приватна трговска марка SuperValue на кинескиот пазар, преку групацијата „Алибаба".



 
 
 
 
back to top