IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |  „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат  |   ||
   

PLMA: Анализа на европскиот пазар на приватни трговски марки

22.05.2017

Потрошувачките навики во фокусот

FMCG-секторот во Европа изминатата година забележал зголемување од 1,8 отсто. Исто така, се зголемила продажбата на органските производи од приватните трговски марки, како и на производите декларирани без некоја состојка...

Добри вести за трговците

Има неколку позитивни знаци кои укажуваат на тоа дека 2017 година може да биде добра година за трговците на мало. Последните квартални податоци на „Нилсен" покажуваат дека европскиот малопродажен пазар забележал пораст со најбрза стапка во иминатата година. Трговците следени во 21 земја пријавиле 1,8 отсто зголемување на продажбата на стоката за широка потрошувачка во однос на истиот период претходната година. Иако годината имаше слаб почеток, во последниот квартал од минатата година продажбата забележа пораст.

Вредноста на потрошувачката кошница се зголеми како резултат на повеќе фактори, вклучувајќи ги инфлациските зголемувања на цените, зголеменото купување и менувањето на типот на производи што луѓето го купуваат кон премиум и кон свежа храна, велат од „Нилсен".

Западна Европа забележа мал пораст во волуменот на продажбата, под влијание на дефлацијата на валутата во Шпанија и во Италија и на ниската инфлација во Франција и во Велика Британија. Продажбата во Турција се зголеми за 8,8 отсто во споредба со претходната година. Полска со 4,7 отсто и Унгарија со 4,5 отсто исто така забележаа силен пораст на продажбата.

„Алди" се искачи на 5. место во В. Британија

„Алди" во Велика Британија стана петтиот најголем трговец на мало. Последните податоци за уделот на пазарот од „Кантар ворлдпанел" за последните 12 недели, заклучно со 29 јануари 2017 година, покажуваат дека продажбата на дисконтерот забележала зголемување од 12,4 отсто во однос на истиот период претходната година, а пазарниот удел се зголемил за 0,6 процентни поени, надминувајќи го „Ко-оп" и првпат заземајќи го петтото место. 

Од „Кантар" велат: Пред само една деценија, „Алди" беше десетти трговец во Велика Британија, со помалку од 2 отсто пазарен удел. Оттогаш трговецот рапидно бележеше пораст, искачувајќи се за импресивни пет места, со 6,2 отсто пазарен удел. Како резултат на екстензивната програма за отворање нови објекти, минатиот квартал „Алди" привлече 826.000 потрошувачи повеќе отколку во истиот период минатата година.

„Теско" сè повеќе продава органско

Најголемиот британски трговец „Теско" забележува голем успех со своите органски производи. „Теско" извести дека целосната продажба на органски производи се зголемила за 15 отсто во последната година, откако органската риба и органските млечни производи станале популарни меѓу потрошувачите. Продажбата на органското месо и на замрзнатата храна се зголемила за 13 отсто во изминатите 12 месеци. Популарноста на органската храна почна со овошјето и со зеленчукот, но сега ги гледаме потрошувачите како ги истражуваат и другите прехранбени органски производи, како рибата и млечните производи, па сега може да се набават состојки за целосно органски оброк, велат од „Теско".

„Лидл" троши многу во Франција

Според објавените извештаи, „Лидл" потроши повеќе пари за рекламирање од сите други трговци во Франција. Трговецот го зголемил својот буџет за рекламирање за 40 отсто во однос на истиот период минатата година, на 415 милиони евра. Следен на листата на топ-огласувачи е „Е. Леклер" со 325 милиони евра.

„Рема 1000" крати брендови

„Рема 1000", еден од водечките трговци во Норвешка, отстранува многу брендови од своите полици, во корист на локалните снабдувачи и на неколкуте норвешки конгломерати. Стратегијата наречена „најдобри пријатели", подразбира развивање блиски врски со одредени снабдувачи и раскинување на врските со други, на национална основа, за да се кратат трошоци. Со зголемување на волуменот на продажбата на брендовите избрани за „најдобри пријатели", „Рема" смета дека ќе може да ги продава по најниски цени и да ја заземе позицијата на најевтин норвешки трговски синџир, кој работи според норвешки стандарди. Паралелно со новата стратегија, „Рема 1000" ја воведува и својата приватна марка Rema Prima.

„Едека" го шири „млечното" портфолио

Групацијата „Едека" го проширува своето портфолио на млечни производи направени од млеко од крави кои одреден период биле хранети со храна што не содржи ГМО. Новолансираните, односно ребрендирани млечни производи без ГМО, можат да се препознаат по зелениот печат во форма на дијамант со исписот „Ohne Gentechnik", издаден од Германската асоцијација за храна произведена без генетско инженерство.

Дополнително, „Едека" лансираше околу 40 производи на база на млеко и на јогурт под новата приватна марка Good food, која стои зад поодржливо фармерство, пријателски насочено кон околината.

За да можат да произведуваат за оваа марка, производителите треба да користат млеко од крави хранети со храна без ГМО, која била произведена во Германија или во ЕУ.

„Мигрос" бележи пораст

Швајцарски „Мигрос" извести дека неговата единица за производство на храна, „М-индустри", забележала пораст на продажбата во повеќето од своите дивизии минатата година, а забележала и 12 отсто зголемување на обртот од извоз. Бизнисот забележал целосна продажба од 6,39 милијарди швајцарски франци, за 2,1 отсто повеќе од претходната година. Најдобра дивизија во поглед на продажбата е кондиторската, со 838 милиони франци, 5 отсто зголемување и 36 отсто зголемување на извозот. Трговецот вели дека швајцарскиот пазар останува предизвик за „М-индустри", а интернационалните операции на групацијата „дополнително ќе се развиваат органски и преку аквизиции на клучните пазари".

„Алберт Хеин" отвори канал на „Јутјуб" 

Холандскиот трговец „Алберт Хеин" лансираше свој интерактивен канал на „Јутјуб", „Appie Today", каде што се објавуваат видеоблогови, шоуа, критики и информативни податоци за храната, трендовите и за актуелните настани. Содржината ќе биде креирана во соработка со потрошувачите и со вработените на „Алберт Хеин". Медиумскиот простор се фрагментира и реципиентите стануваат сè поселективни во нивната потрага по приказна со која можат да се поврзат. Веруваме дека „Appie Today" им го дава токму тоа, велат од „Алберт Хеин".

Француските снабдувачи го меркаат британскиот пазар

„Агромускетарс", дивизијата за производство на храна и на пијалаци во сопственост на францускиот конгломерат „Групмеan де мускетарс", се подготвува за влез на британскиот пазар на трговски марки. „Џаст фуд" извести дека снабдувачот е во напредни преговори со некои од најголемите британски трговци со понуда на палета француски производи – од апетизери до десерти.

Главниот извршен директор на „Агромускетарс", Кристоф Боно, рече дека Велика Британија е „клучен пазар" за експанзијата на групацијата: Во моментов не сме присутни во Британија, но тоа е голем пазар за француските произведувачи на храна, па ние сме во фаза на разгледување на можностите таму. Тој потврди дека во тек се преговори со „Теско", Асда", „Кооператив груп" и со „Маркс& Спенсер".

„Агромускетарс", со повеќе од 60 производствени погони во Франција, тврди дека е лидер во производството за приватни трговски марки на францускиот пазар, според пазарниот удел. Обртот на „Агромускетарс" во 2015 година беше 4 милијарди евра, од кои три четвртини беа генерирани од продажбата во неговата сестринска фирма „Интермарше". Групацијата произведува 45 отсто од производите на ПТМ на „Интермарше".

 


 
 
 
 
back to top