IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.10.2017 || Очекувајте го октомврискиот број на InStore   |  ССК прогласен за шампион за мал бизнис  |  Е-продажбата ќе надмине 1 трилион долари до 2027 година  |  Наскоро „Шпар“ ќе го отвори стотиот објект во Словенија  |  „Универекспорт“ отвори сопствен дистрибутивен центар  |  Сè поголем извозот на рускиот пазар  |  „Синагога“ со значително зголемени приходи  |  Отворен логистички центар на „Воли“  |  „Кауфланд“ ги зголемува платите за 11%  |  140 години работење на „Мирна“ од Ровињ  |  „Винаг“ продаден за речиси 2 милиони евра  |  Најбитно е да имате добра идеја   |  Увоз на храна во вредност од 101 милијарда евра  |  Дрон што ќе ги полни електричните автомобили во движење  |  Детали за преземањето на „Дониа“  |  Ајварот Perustija – достапен и на домашниот пазар  |  Скопје во центарот на бизнис-настаните во ЈИЕ  |  Огромен интерес за производите на „Макпрогрес“ на „Ануга“  |  „Алибаба“ ќе инвестира 15 милијарди долари во логистика  |  Црква ќе ги враќа верниците со црковно пиво  |   ||
   

Нихад Имшировиќ: Повеќе од еден век традиција и непроценливо искуство

13.03.2017

Нихад Имшировиќ, директор на „Клас" (БиХ)

Од февруари 2014 година, кога „АС груп" ја аквизираше „Клас", бизнис-резултатите на сараевската прехранбена компанија стануваат сè подобри. Во тоа време, „Клас" имаше годишен приход од околу 28 милиони евра, а веќе во 2015 година, приходите се зголемија на 41,5 милиони евра. Во времето на аквизицијата, во „Клас" имаше 900 вработени, а денес таа бројка достигна до 950 луѓе, со тенденција за понатамошен пораст. Оттогаш, многу работи во компанијата се променија на подобро, почнувајќи од оптимизацијата и организацијата на деловните процеси, до унапредување на квалитетот на производите и до проширување на асортиманот.

Директорот Нихад Имшировиќ за InStoreзборува за позицијата, успесите, признанијата и за плановите на компанијата.

Разговараше: Адис Брдариќ, redakcija@instore.ba

Колку изнесува пазарното учество на производите на „Клас" во   Босна и Херцеговина

„Клас" е лидер во млинско-пекарската индустрија во земјава, како и меѓу водечките производители во категориите слаткарство, кондиторство и тестенини, не само во Босна и Херцеговина (БиХ), туку и во земјите од регионот. Особено сме горди на нашата програма за организирано одгледување, откуп и за преработка на јагодесто овошје, бидејќи уште во 2001 година, први го воведовме на пазарот на БиХ. Со текот на времето, јагодестото овошје го популаризиравме до таа мера, што денес, смрзнатите малини се извозен артикал број еден во категоријата овошје и зеленчук. Секако, постои уште многу простор за понатамошен пораст, особено во категоријата смрзнати пекарски производи.

Во кои сегменти забележавте најголем пораст досега?

Пораст бележиме во сите сегменти, но ако треба да издвојам, би ги навел мелничарството, кондиторството и откупот и преработката на јагодесто овошје. Во 2016 година, „Клас" откупи повеќе од 2.000 тони малини, односно остваривме пораст од речиси 100 отсто во однос на 2015 година. Откупени беа и 100 тони друго јагодесто овошје, како и 10 тони печурки.

Би сакал да ја истакнам категоријата длабоко смрзнати пекарски производи, како најбрзорастечка и перспективно најпотентна. Токму во таа категорија, „Клас" отсекогаш ги диктирал трендовите и развивал иновации. Би потсетил на питите и на сомуните, кои ја збогатија категоријата и го наметнаа неповторливиот вкус на босанската кујна на домашниот и на странските пазари. Покрај оваа категорија, кондиторството, дивизијата за свежи колачи и тестенините, нè прават посебни на секој пазар и тие се нашата конкурентска предност.

Колку од вкупното производство „Клас" пласира на домашниот, а колку на странските пазари и на кои?

Околу 10 отсто од вкупниот промет, „Клас" го остварува на странските пазари. Најзначајните извозни пазари се Турција (за брашно), Хрватска (за смрзнати пекарски производи), Црна Гора (за брашно), Данска (за смрзнати пекарски производи), Шведска, Швајцарија и САД (каде што се пласира поширок асортиман, во кој предничат  Sarajevska Jufka и Bosanski Lokum).

Дали планирате освојување на нови извозни пазари?

Годишно, „Клас" може да произведува вкупно 140.000 тони храна и секако дека тие капацитети треба максимално да ги искористиме за производи што ќе се пласираат надвор од границите на БиХ. Освен капацитетот, имаме и асортиман кој е интересен за извозните пазари, а акцентот е на традиционалните босанско-херцеговски производи (парени колачи, јуфки, сомуни, пити...). Храната е со врвен квалитет, кој го обезбедуваме со строга примена на меѓународните стандарди, како што се ИСО и HACCP, како и сè позначајниот халал-сетрификат. Постојат неколку навестувања за пласман на пазарите на Албанија, Кина, Пакистан, Кувајт... Кога имате доволно конкурентен производ, иновативен и креативен тим, верувате во себе, ги имате сите потребни меѓународни сертификати и подготвени сте да се борите со сложените административни процедури – извозот на странските пазари нема да ви претставува проблем.

Кога имате доволно конкурентен производ, иновативен и креативен тим, верувате во себе, ги имате сите потребни сертификати и подготвени сте да се борите – извозот на странските пазари нема да ви претставува проблем.

Колкава е досегашната вредност на инвестициите на „Клас" од приклучувањето кон „АС груп"? Планирате ли нови инвестиции наскоро?

Како што веќе истакнав, нашите инвестициски вложувања се на почетокот. Досега, бевме концентрирани на консолидација на постојната состојба и на организација на компанијата, а од годинава, почнуваме со инвестиција во износ од 1,5 милиони евра. Со инвестицијата, планираме да отвориме нови погони и да ги модернизираме постојните, односно значително да ги прошириме производствените капацитети, пред сè, во сегментот пекарство.

Како го оценувате бизнис-амбиентот во БИХ? Со кои клучни проблеми се соочувате при работењето?

Најдобро би било секој да си ја работи сопствената работа. Мислам дека државата е на потег, бидејќи бизнисот покажа дека и во неповолен амбиент умее да им конкурира на најголемите. Тоа нè направи побрзи, поефикасни и поотпорни на многу неповолности, но најмногу ни помогнаа домашните потрошувачи, кои покажаа дека сакаат да купуваат домашни квалитетни брендови, за што сме им многу благодарни. Во периодот што е пред нас, во еден поквалитетен деловен амбиент, редно време е конечно да ги почувствуваме сите придобивки.

На крајот од ноември минатата година, „Клас" беше одбран за програмата „Elite UniCredit CEE Lounge" на Лондонската берзанска група, како амбициозна компанија со потенцијал за пораст и за развој. Кажете ни нешто повеќе за изборот. Какво е неговото значење за компанијата?

Многу сме горди што добивме можност да учествуваме во оваа програма и што Лондонската берза и банката „Уникредит" нè препознаа како амбициозно претпријатие со голем потенцијал. „Клас" е една од четирите одбрани приватни компании за иновативната иницијатива, која им овозможува да го забрзаат порастот. Програмата „Elite" нуди дополнителна можност и да се сретнат амбициозните компании и да се инспирираат едни со други, разменувајќи ги идеите и најдобрите деловни практики. Веруваме дека пристапот до новите знаења преку образование, усовршување и тренинг, што ги нуди оваа програма, дополнително ќе го забрза нашиот развој. Тоа е многу корисно искуство. 

Клучната предност на „Клас" се неговите вработени, широкиот асортиман производи со врвен квалитет, 114-годишната традиција и непроценливото производствено искуство.

Кои се долгорочните планови на „Клас"?

Да растеме и да се развиваме... БиХ има големи можности за производство на здрава храна и „Клас", заедно со другите членки на „АС груп", токму во тоа ја гледа шансата. Сакаме максимално да ги искористиме производствените и логистичките капацитети, со што ќе го придвижиме големиот синџир на квалитетно домашно производство. Во тој контекст, дел од нашата стратегија ќе биде поддршка и соработка со домашните земјоделски производители, првенствено, со одгледувачите на пченица.

Клучната предност на „Клас" се неговите вработени, широкиот асортиман производи со врвен квалитет, 114-годишната традиција и непроценливото производствено искуство. Со јасно дефинирана бизнис-стратегија и со ефикасното управување со ресурсите, ќе продолжиме да ја зајакнуваме конкурентноста и позицијата на „Клас" на домашниот пазар, но и на европските и на светските пазари. Имаме ресурси, идеи и ентузијазам, што значи дека веруваме во позитивните резултати. Знаеме како се произведува здрава, квалитетна и вкусна храна. Знаењето што е акумулирано во брендот, кој успешно се развива подолго од еден век, ни дава одлучувачка предност на пазарот.

Првото што требаше да го направам кога дојдов на позицијата директор во „Клас" минатата година, беше да ги пробам сите 500 производи. Сите до еден ме воодушевија со вкусот.

 
Пред „Клас" е една нова епоха! По успешната консолидација, ни претстои приклучување кон најдобрите во овој дел од Европа.

Знаењето што е акумулирано во брендот, кој успешно се развива подолго од еден век, ни дава одлучувачка предност на пазарот



 
 
 
 
back to top