IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Муарем Муртезани: Наша цел е поставување стандарди

27.12.2012
Локално интервју: Муарем Муртезани, директор и сопственик на компанијата „Алма-М"
 
Разговараше: Алма Хот, alma@instore.mk

Компанијата „Алма-М" е основана во 1991 година во Скопје, како компанија за увоз и извоз на стока за широка потрошувачка. Во 1996 година добива можност за вршење увоз, дистрибуција и продажба на производите од компанијата „Вригли". Подоцна оваа функција почнува да ја врши и на територијата на Косово. Во 2006 година станува дистрибутер за Македонија на светската компанија за храна „Нестле", а во 2010 година ја презема дистрибуцијата на сладоледите „Нестле". Денес, компанијата продолжува да се развива на пазарите во Македонија и Косово, воведувајќи нови стандарди во она што го работи.
За формирање на една успешна компанија потребно е да се поврзат повеќе алки, што ќе обезбедат сигурност и цврстина за сите идни чекори на компанијата. Сите чекори се каузално поврзани, но секој нареден треба да биде доволно храбар и со јасна визија за да се оствари она што се посакува. „Алма-М" е компанија што со сигурни чекори оди кон исполнување на својата визија: најголема и најуспешна компанија во Македонија за дистрибуција, продажба и логистика на производи за широка потрошувачка. Тоа секојдневно го докажува преку активно следење и вложување во новите технологии во работењето, инвестирање во просторните капацитети, но и најглавното, секојдневно вложување во вработените. Токму за ова, за патот до успехот што е навистина интересен, како од приказните, но и за идните планови на компанијата разговаравме со директорот и сопственикот на „Алма-М", Муарем Муртезани.

На одбележувањето на 20-годишнината од работењето на „Алма-М" беше промовирано видео на кое се прикажани Вашиот пат кон успехот, но и она што означува остварување на Вашата замисла за формирање на успешна компанија. Накратко, опишете го преминот од момче со визија и ентузијазам, до она што сте денес?

На 20-годишнината на „Алма-М" беше прикажано видео што го опишува мојот пат од момче со визија и ентузијазам до успешен бизнисмен, прикажувајќи неколку клучни моменти, затоа што во спротивно, видеото би траело многу. Она што е најважно по целиот тој пат, она што е суштината, а што е опишано и во видеото е имагинацијата и логиката. Со помош на имагинацијата ја гледаме јасната цел кон која се движиме. Имагинацијата е моќно оружје; само треба да ѝ дадеме шанса на имагинацијата и можностите се неограничени. Додека, пак, логиката е таа што нè движи по вистинскиот пат до целта, чекор по чекор, од точка А до точка Б. Но, првиот чекор мора да се направи. Тоа беше и целта на видеото, да се охрабрат сите млади луѓе, да го преземат првиот чекор во остварувањето на својата цел. И најголемото патување почнува со еден единствен чекор, без разлика колку е далеку целта кон која се движиме и колку е мало првото чекорење кон таа цел, сепак треба да се направи, како на пример во мојот случај, од овци, па трактор, па камион итн.

Оттогаш досега напорно работевте и најновото од вашите инвестиции се неколкуте ваши хард дисконти на територијата на Косово. Како дојдовте до идејата да отворите маркети токму во Косово и планирате ли потоа да продолжите и на територијата на Македонија?

„Алма-М" е компанија што веќе е докажана и потврдена во областа на дистрибуцијата, и ѝ требаше нешто ново, некој нов предизвик, нова ментална вежба... Бидејќи на Запад е веќе во подем развојот на т.н. приватни трговски марки (private label), по извесни анализи и истражувања, сметавме дека е интересно да се разработи и да се промовира токму овој концепт и во овие наши региони (мислам на Балканот). Само за појаснување, станува збор за концепт на небрендирани производи со ист или сличен квалитет како веќе докажаните брендови, но со многу пониска цена. И бидејќи „Алма-М" е компанија што во сè сака да биде прва, да ги поставува стандардите и да ја трасира патеката за останатите, од таа причина одлуката беше маркетите да се отворат најпрвин во Косово, бидејќи таму концептот на хард дисконти сè уште е непознат. Всушност, „Алма-М" е пионер во овој концепт на територијата на Косово, што е дополнителен предизвик за нас. Секако, приказната нема да заврши тука, маркетите ќе бидат сигурно застапени и на територијата на Албанија и Македонија.

Можете ли да направите споредба на пазарите во Косово и во Македонија. Колку македонските потрошувачи се разликуваат од оние во Косово?

Според мојата проценка постои разлика меѓу македонските и косовските потрошувачи. На пример, најзабележлива е разликата во навиките на купување во поглед на продажните објекти. Имено, косовските потрошувачи повеќе купуваат во поголемите маркети, што се лоцирани надвор од населените места, за разлика од македонските, што сè уште најмногу купуваат во локалните продавници во населбата во која живеат.

Колку остварениот промет на „Алма-М" во првите три квартали од 2012 година ги задоволи Вашите очекувања? Какви се прогнозите за последниот квартал врз основа на она што досега е сработено?

Во нашата компанија користиме две единици со кои го мериме нејзиниот развој: органска и физичка и со големо задоволство можам да кажам дека, како и секогаш, и во 2012 бележиме постојан пораст, и органски и физички.
Сметате ли дека пазарниот удел на вашите производи на македонскиот пазар е на задоволително ниво?
Од аспект на присутност на нашите производи на македонскиот пазар апсолутно сме задоволни, што се однесува до консумацијата, нашите напори и дејствувања тежнеат кон тоа таа постојано да се зголемува и покрај задоволителното ниво во моментов.


Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.3...

 
 
 
 
back to top