IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

„Мојата“ продавница има најповолни цени

19.12.2013
Во минатиот број на InStore дадовме приказ на македонскиот купувач врз база на истражувањето GfK Shopping Monitor®. Во овој број понатаму ќе го опишеме однесувањето на македонскиот купувач во поглед на купување храна и други производи за широка потрошувачка (FMCG).

Автор: Боге Божиновски, директор за продажба, boge.bozinovski@gfk.com
 
Се раководиме од цените...
•23% од купувачите се раководат од цените при правење избор во продавницата.
•Ценовните аспекти се главни предизвикувачи за 38% од купувачите (ниво на цените, сооднос цена-квалитет, распродажба итн.).
•Ценовното ниво е една од трите најважни карактеристики на продажното место.

Исклучително низок интерес за новитетите
•4% се први купувачи на нови производи.
•23% ги разгледуваат полиците во потрага по нови производи.
 

Добра и постојана организација
•46% се збунуваат со промените во организацијата на продажното место.
•19% се обидуваат да потрошат колку што е можно помалку време во купување.
•Едноставната организација е важна за 86% од купувачите.

Само потребното...
•50% го купуваат само потребното.
•Околу 21% речиси никогаш не прават спонтано купување.
А, сепак, имаме плус работи во кошницата!
•50% често купуваат повеќе од планираното и потребното, а 10% често купуваат работи што не ги користат потоа. 
•42% спонтано купуваат на неделна основа. 

„Мојата" продавница сè уште игра улога...
•38% најголемиот дел од купувањето го извршуваат во една продавница, а 39% тоа го прават во 2-3 избрани продавници.
•70% се долгогодишни купувачи во нивната главна продавница (1 продавница).
•70% имаат намера да продолжат да купуваат во нивната главна продавница. 

Од цените се раководат 23% од купувачите. Дополнително, разните ценовни аспекти на понудата на производи (како цена, соодносот на квалитетот и цената, промотивните активности) претставуваат поттикнувачи за купување на одреден производ дури кај 38% од купувачите. Од друга страна, само 4% од купувачите изјавиле дека се меѓу првите купувачи на нов производ што ќе се појави на пазарот, иако речиси четвртина (23%) изјавиле дека сакаат да проверат што има ново на полиците во продажното место. Речиси половината од купувачите (46%) се збунети од промените во организацијата на продажните места и најголем процент (86%) сакаат едноставна организација на продажното место.
Половината од купувачите купуваат продукти повеќе од планираното и потребното, додека 10% од нив купуваат и продукти што не ги користат потоа. „Мојата" продавница игра важна улога за македонскиот купувач. Дури 70% од купувачите се долгогодишни купувачи во нивната главна продавница.


Избор на продавница
Главни причини при избор на главното продажно место се поволните цени, близината до домот или работното место, како и асортиманот и големиот избор на производи што се нудат на продажното место.


 
 
 
 
back to top