IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Мислење и коментари: Ги знаеме ли можностите за финансирање?

08.05.2018
Инвестициите за една компанија значат дека таа има потреба да го прошири работењето, кое ќе продолжи да дава позитивни резултати. Но, финансиите се најчестата причина зошто некои компании не се осмелуваат на ваков чекор. Со нашите соговорници разговаравме за тоа дали компаниите се доволно добро запознаени со поволностите што ги нудат државните институции и различните фондови и зошто дел од средствата остануваат неискористени, иако потребата за нив е очигледна? Го споменавме и Законот за поддршка на инвестициите и дополнителни 100 милиони евра обезбедени преку ЕИБ.

Приреди: Алма Растодер, alma@instore.mk

 
                                 Аналитички став                               

Иван В`чков
Економски аналитичар во „Финанце тинк"

Генерално, Законот за поддршка на инвестициите нуди разновидна поддршка кон различни типови компании. Тоа означува дека на секоја компанија, без разлика на нејзината големина, ѝ се дава можност за државна поддршка за различни намени. Основата за добивање на таа поддршка се состои со тоа што субјектот треба да врши производствени дејности, да оствари пораст на приходите од дејност и да обезбеди ист просечен број, односно пораст на просечниот број на вработени во последната година во однос на просекот од претходните три години. Овој закон се поистоветува и со Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.
 
Планот содржи мерки кои целат кон зголемување на конкурентноста на компаниите, мерки за поддршка на извозот и мерки за поддршка на мали и средни претпријатија. Поради ваквите цели, мерките имаат можност да им дадат позитивен финансиски импулс на компаниите на краток рок и да ги унапредат капацитетите на домашните компании, да поттикнат развој на иновативноста итн.
 
Проблемот во финансирањето е во правилата за финансирање компании од банките и капацитетот на малите и средни претпријатија за исполнување на тие барања.  

Според МБПР, со обезбедените 100 милиони евра преку ЕИБ-средствата ќе се поддржат нови 61 проект и најмногу ќе бидат наменети за поддршка на малите и средни претпријатија во Македонија. Со оглед на фактот дека најголем дел од активните деловни субјекти во Македонија се малите и средни претпријатија, финансиската помош од овој тип може значително позитивно да помогне за порастот и развојот на нивните капацитети. Според извештајот на ЕИБ, пристапот кон финансии не е најголем проблем кај МСП во Македонија. Проблемот во финансирањето потекнува од правилата за финансирање кон компаниите од страна на банките и од капацитетот на малите и средни претпријатија за исполнување на тие барања. Според извештајот, банките сметаат дека ограничувачки фактор во финансирањето е недостигот на остварливи бизнис-проекти поради фактот дека многу од МСП имаат ограничени претприемачки вештини и финансиска писменост. 

Причините за неискористеноста на средствата се:

  1. Недостигот на претприемачки вештини и финансиска писменост, што создава неприфатливи бизнис-проекти од страна на банките;
  2. Недоволните и несигурни информации околу субјектот, што создава ограниченост кај банката соодветно да ја пресмета идната профитабилност и остварливост на проектот;
  3. Големината на бизнисот игра улога во пристапот на финансирање каде што микро и малите претпријатија имаат поголеми ограничености во финансирање зашто има јаз во комуницирањето помеѓу банките и ваквите претпријатија;
  4. Со оглед на фактот дека кредитирањето е главно засновано на обезбедување (недвижен имот, подвижни предмети итн.) МСП од руралните средини се соочуваат со поголема ограниченост. 
  5. Неформалноста на компаниите е исто така ограничувачки фактор во финансирањето. Според извештајот на ЕИБ, учеството на регистрирани субјекти кои затајуваат данок или нецелосно ги репортираат приходите е големо. Поради ова, банките обично користат многу конзервативни процени што доведуваат до кредити со помали вредности.
 
 
                  Институционален став                   

 
Марија Танасоска,
раководител за пристап до финансии во Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем

Степенот на познавање на можностите за добивање средства од државните институции и програми на финансии варира од компанија до компанија, но генерално помалите компании се послабо запознаени и помалку подготвени да им пристапат поради ограничените ресурси што им се на располагање. Тоа е очекувано затоа што пристапот до финансии често бара степен на експертиза и временски ангажман кој малите компании ретко можат да си го дозволат на редовна основа. Еден начин за надминување на оваа пречка е соработка со консултанти специјализирани за пристап до финансии. На тој начин, малите компании можат да ја обезбедат потребната експертиза на краток рок и со тоа драстично да си ги зголемат шансите за успешно пристапување до финансии. Во тој контекст работи и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем (Business Ecosystem Project – BEP), спроведуван од „Паладиум интернешнл".

Помалите компании се послабо запознаени и помалку подготвени за да пристапат до финансиите поради ограничените ресурси и поради потребниот висок степен на експертиза.

Проектот работи со традиционални и алтернативни финансиски институции, и со микро, мали и средни претпријатија (ММСП), за да осигури достапност и пристапност на соодветни извори на финансии за деловен развој и создавање работни места. Соработува со група финансиски фасилитатори, т.е. консултанти чија специјализација е да им помагаат на компаниите да пристапат до финансии. За да ја демонстрираме нивната вредност и за да ги поттикнеме малите компании да ја користат нивната експертиза, ние ги кофинансираме нивните услуги, особено кога работат на апликации за пристап до финансии кои можат да донесат нови работни места и зголемена продуктивност.

Истовремено, Проектот ги подготвува финансиските фасилитатори за специфичните предизвици со кои се соочуваат ММСП и активно да ги едуцира за различните типови традиционални и алтернативни финансиски производи, овозможувајќи им со тоа подобро да ги советуваат нивните клиенти. Соодветниот финансиски инженеринг, како примарна услуга на финансиските фасилитатори, е насочен кон поттикнување побрз пораст и развој на ММСП.

Проектот исто така работи во традиционалниот финансиски сектор за да ја промовира употребата на постојни финансиски производи кои ММСП ги немаат соодветно искористено, како и за идентификување можности за развој на нови финансиски производи.


                          Став од секторот                          



Зоран Јованов, 
сопственик и извршен директор на „Слога пром" 

Досега немам искуство при аплицирање за добивање средства од државните институции и од странските фондови. Но, сметам дека тие секогаш се поврзани со одредени високи критериуми, можеби досега не сме успеале да исполниме некои од нив, па затоа не сме аплицирале. Исто така, некои од нив се наменски за специфични дејности, во кои едноставно досега не сме се пронашле. Но, секако, доколку се отвори можност, доколку како компанија се најдеме во некоја од тие програми, би можеле да аплицираме. 

Една од причините за неискористеноста на средствата од фондовите е недостигот на идеи, иновации од компаниите, како и високите критериуми што се бараат од компаниите. 

Во врска со неискористеноста на средствата од овие фондови, сметам дека една од причините е недостигот на идеи, иновации од страна на компаниите, но друга причина се високите критериуми што се бараат од нив. Критериумите се на многу високо ниво, компаниите понекогаш не можат целосно да ги исполнат, но, од друга страна, постои и резервираност од страна на стопанствениците бидејќи од многумина сум слушнал дека и покрај исполнувањето на сите тие критериуми, за жал, бараните средства не им биле одобрени. Особено кога станува збор за 100% одобрување на бараните средства. Поради тоа, кај нив се јавува скептичност. Исто така, треба да се спомене и апликацијата, која честопати е посочувана како тешка за пополнување. 

Во 2017 година завршивме еден дел од инвестицијата, за која од Стопанската комора на Македонија добивме награда за континуирано успешно работење и реализирана инвестиција со цел присутност на странските пазари. Станува збор за градба на нов капитален објект составен од три инвестициски циклуси, од кој првиот е завршен со изградба на јавен царински склад и ладилник со 7 комори, а во тек е изградбата на вториот дел од овој ладилник. Со вториот дел од инвестицијата сакаме да ги прошириме капацитетите и очекуваме тој да биде завршен до крајот на годинава. За изградбата на ладилникот, почната и завршена во 2017 година, и изградбата на вториот дел, инвестиравме 3,7 милиони евра, од кои од 30% до 40% се покриени со кредити од комерцијални банки, додека другиот дел е сопствен капитал. 



                          Став од секторот                          

Љупчо Јовановски, сопственик на млекарницата „Јока" 

Свежиот капитал за компаниите значи инвестиции и развој и сметам дека за такви средства нема компанија која не е заинтересирана. Јас конкретно, за потребите на млекарницата „Јока", се информирав за програмата ИПАРД, и аплицирав за добивање средства за одредени проекти. Можам да кажам дека критериумите и правилата за добивање се однапред  дефинирани и се преобемни и непотребни во некои делови кои одземаат многу енергија и време.

Недоволно јасните критериуми како и обемната документација се главна причина за неискористување на средствата.

Често се случува поради различно толкување на правилата од одговорните во Агенцијата, проектите иако коректно сработени да бидат одбиени како неуредни и некомплетни. Затоа е и толкав бројот на одобрени во однос на одбиени проекти, или во пари од достапните за искористување 80 милиони евра искористени се едвај 15%.

Можам да кажам дека со фондот ИПАРД сум добро запознаен уште пред неговото формирање во Макединија. Знам дека со тие средства можат да се достигнат стандардите на ЕУ во млечниот сектор што доколку не би се постигнале би значело и затворање на компанијата. 

Поради важноста, на проблемите на кои наидуваме во текот на процесот на конкурирање одиме до крај за нивно решавање без да се откажеме, иако секој пат изгледаат апсурдни.

Недоволно јасните критериуми како и обемната документација се главна причина за неискористување на средствата.









 
 
 
 
back to top