IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |  „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат  |   ||
   

Мислења и коментари: Инвестиции во време на политичка криза

22.05.2017
 
Приреди:

Данче Драгинова, danche@instore.mk

Според редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан за 2016 година, инвестициите продолжуваат да го поттикнуваат економскиот пораст во сите земји од регионот, со исклучок на Македонија. Имено, како одраз на ефектите на продолжената политичка криза на економијата, во земјава дошло до пад на инвестициите и до намалување на порастот.

Извештајот покажува дека политичката неизвесност во 2016 година негативно се одрази на стопанскиот пораст, забавувајќи го од 3,8 отсто во 2015 година, на 2,4 отсто минатата година. Загриженоста за ситуацијата влијаела на вложувањата, кои се намалиле за 4,3 отсто во однос на 2015 година, што довело до намалување на стапката на пораст за 1,4 отсто. Главен двигател за економскиот пораст минатата година бил градежниот сектор, додека производството на преработувачката индустрија се намалило за 2,2 отсто, што влијаело на намалување на општата стапка на пораст за 0,2 отсто во однос на 2015 година.

За повторно да се воспостави рамнотежата на економскиот пораст, Светска банка смета дека е потребно е да се забрза процесот на структурни реформи, што ќе ја подобрат довербата кај потрошувачите и ќе ги поттикнат приватните инвеститори. Ако земјава сака да го одржи порастот и да ги реши тековните предизвици од невработеноста, тогаш таа треба да остане на реформскиот пат, а реформите да се фокусираат, пред сè, на пазарот на трудот, деловното опкружување, ефикасноста на јавниот сектор и на глобалната интеграција. Крајната цел би била промовирање на развој на приватниот сектор.

Со нашите соговорници поразговаравме за проблемите со кои се соочуваат бизнис-секторот и компаниите во услови на долготрајна политичка криза, за приоритетите за решавање, дали и колку се инвестира, каква е состојбата со плаќањата во вакви услови и колку стратегиите за развој би можеле да се применат и да се остварат во практика. Прочитајте што ни одговорија.

Институционален став

Фатмир Бетиќи, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ)

Политичката криза во последните години покажува негативни ефекти, односно намалување на поголемиот број параметри што ги отсликуваат проблемите на компаниите. Конкретни проблеми се неподмирувањето на договорните обврски од државата кон секторот, намалувањето на ликвидноста на компаниите, селективното спроведување на законите, честите инспекции со намера директно да казнат, хаосот од мешањето во компетенциите на институциите, фокусот на државата само кон надминување на политичката криза итн. СКСЗМ во неколку наврати наведува дека првиот приоритет се реформите во правосудството, т.е. правичната примена на законите и владеењето на правото, потоа подобрувањето на пристапот до финансии, и конечно – во фокус да бидат домашните компании, а не само странските.

Во овие кризни времиња, компаниите ги замрзнуваат инвестициските проекти или воопшто инвестициите. Годинава, имаме и намалување на кредитирањето за 6 отсто, што е доволен показател дека компаниите не инвестираат и дека треба во најкраток период да се стабилизира состојбата за таа слика да се промени. Штетите што ги предизвика оваа криза, идната влада треба да ги поправи од сите аспекти, а особено во делот пристап до финансии преку кредитирање на компаниите со субвенционирани каматни стапки, со одреден грејс-период, потоа да ги развие можностите за пристап до алтернативно кредитно или до друго финансирање.

 

Веќе бевме сведоци на одлевање на странскиот капитал во јануари и во февруари годинава. Секако дека капиталот бара сигурност и, во спротивен случај, тој ќе си најде друго место и можност, а тоа ќе има негативен импакт врз плаќањата на обврските на компаниите.

Став од секторот

Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес"

Најголемиот проблем со кој се соочуваме, не само во нашата компанија, туку и целото стопанство и државата, е тоа дека сè повеќе младите луѓе не гледаат перспектива да живеат и да работат во Македонија. Тие се иселуваат или планираат да се иселат, а со тоа се намалува наталитетот и популацијата, потрошувачката и конкурентноста на пазарот на работна сила. Тоа особено се чувствува во Источна Македонија, бидејќи бранот на иселување трае повеќе од 15 години и сè уште нема индикација дека ќе се намали – напротив, тој се зголемува.

Со намалувањето на потрошувачката, се намалува и ликвидноста и профитабилноста на компаниите, па со текот на времето можно е многу компании да се соочат со загуби во работењето и со неликвидност за сервисирање на обврските.

Приоритет за решавање би било враќање на довербата во иднината на државата, исплата на долговите од државата и од општините кон стопанството и нагласување на перспективите за младите, преку водење позитивна кампања за можностите и за квалитетот на живот во земјава. За компаниите, секако, приоритет треба да биде секој да се запраша што може да стори за да ја подобри ситуацијата кај себе дома – во сопствената компанија. Македонија има одлична клима за соработка и склучени договори за трговија со ЦЕФТА, ЕФТА и со ЕУ, што ни овозможува бесцарински пристап на четириесетина пазари.

Во последниве две-три години, како компанија имавме недостиг од капацитет за повеќе категории производи и не можевме во целост да ги задоволиме потребите и барањата на клиентите и во Македонија и во странство. Затоа инвестиравме во нови производствени капацитети, кои веќе се во функција и сега сме подготвени да го надоместиме тој недостиг, а имаме можност и за проширување на постојните и за отворање на нови пазари.

За да ја одржи ликвидноста на високо ниво, „Макпрогрес" води политика на претпазливо инвестирање, претежно од сопствени средства, преку реинвестирање на добивката. Имаме долгорочна стратегија, преточена во бизнис-план, според кој се водиме. Ние сме силно извозно-ориентирана компанија, со редовно присуство на пазарите во повеќе од 50 држави во светот. Поради тоа, немаме проблеми поради политичката криза во земјава при спроведувањето на стратегијата за развој. Покрај тоа, „Макпрогрес" прави и голема диверзификација на ризиците со пласирање на разновидни брендови и суббрендови преку широк асортиман производи, со што лесно се приспособуваме на секој пазар одделно.


 
 
 
 
back to top