IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Мислења и коментари: Иницијатива за поздравување и за наздравување

15.08.2017
 
За иницијативата на Стопанската комора за укинување на лиценцата и на временското ограничување за продажба на алкохол, ги прашавме учесниците од FMCG-секторот каков е нивниот став, колку досегашните мерки влијаеле на бизнисот и кои би биле главните придобивки доколку иницијативата се прифати.

Данче Драгинова, danche@instore.mk

Став на производител

Александар Матески, шеф на правна служба во „Прилепска пиварница"    

Иницијативата на Стопанската комора следуваше по реакциите на сите субјекти на пазарот, кои се занимаваат со производство и со трговија на алкохолни пијалаци. Сите релевантни статистички податоци покажуваат дека Македонија нема проблем со алкохолизмот. Буквално, земјава е на дното по консумирањето пиво по жител во Европа, дури и неколкупати помалку споредено со соседите, а да не зборуваме за земјите како Германија, Белгија, Чешка и Австрија. Опстојувањето на сегашното законско решение оди директно на штета на производителите, државата и, пред сè, на консументите. Оттука е и широката поддршка на која наиде комората.

Ако главниот изговор за забраната беше намалување на консумацијата на алкохол кај младата популација, тогаш законското решение не е соодветно за исполнување на таа цел. Напротив, хорека-сегментот може да врши продажба на алкохол без какви било временски ограничувања. На удар беа само трговците на мало и повозрасната категорија консументи на пиво, кои најчесто го консумираат во домашни услови. За илустрација – околу 40 отсто од трговските субјекти во земјава се откажаа од продажба на алкохол поради воведувањето на временско ограничување за продажба и надоместокот за лиценца. Продажбата на пиво, која и така е многу ниска, продолжи стрмоглаво да паѓа, а државата изгуби значителни приноси на основа на ДДВ и на акциза. За разлика од тоа, изминатиот период беше стимулирана сивата економија и продажбата на мало на алкохол без евидентирање за даночни цели.

 Зголемената продажба ќе значи и постабилно и посамоуверено продолжување на инвестициските проекти на производителите на пиво и на алкохолни пијалаци, со сите продобивки што следуваат.

Законските измени што се предлагаат, одат во насока на развој на пивската и на винската култура во земјава. Зголемената продажба ќе значи и постабилно и посамоуверено продолжување на инвестициските проекти на производителите на пиво и на алкохолни пијалаци, со сите продобивки што следуваат: зголемување на вработеноста, буџетските приливи на основа на даноци и сл. Се разбира, останува обврската на државата преку инспекциските органи да врши засилена контрола на недозволената продажба на алкохол на малолетници. Нашата определба е континуирано да работиме на подигнување и на одржување на квалитетот на пивото и да продолжиме со едукација и со кампањи за подигнување на пивската култура во Македонија.

Став на дистрибутер

Љупчо Павловски, генерален директор на „Бадел 1862" – Скопје

Нашиот став за иницијативата на Стопанската комора, секако, е позитивен, затоа што актуелниот закон за продажба на алкохолни пијалаци воопшто не придонесе за намалување на нивната достапност за малолетните лица, туку придонесе за намалување на продажбата.

Голем дел од помалите трговски објекти престанаа да продаваат алкохолни пијалаци, од причина што од една страна, трошоците за добивање лиценци за продажба се прилично високи, а од друга страна, беа неопходни дополнителни вложувања за изработка на посебен простор за продажба на алкохолни пијалаци, кој би можел да се стави под клуч по определеното време за продажба. И, секако, сето тоа придонесе за намалување на вкупниот приход на тие помали трговски објекти, но и на поголемите. На сметка на тоа, се зголеми нелегалната продажба на алкохолни пијалаци, надвор од предвиденото време на продажба.

Актуелниот закон за продажба на алкохолни пијалаци не придонесе за намалување на нивната достапност, туку за намалување на продажбата.

По имплементирањето на овој закон, нашето претпријатие забележа мал пад на приходите од продажбата на алкохолни пијалаци.

Со усвојување на предложените измени на актуелниот закон за продажба на алкохолни пијалаци, би постигнале поголем индекс на дистрибуција, намалување на нелегалната продажба на алкохолни пијалаци, а со тоа и зголемени приходи. Усвојувањето ќе придонесе и за поголеми приходи од акцизи за државата, зголемување на приходите на трговските претпријатија, што секако ќе овозможи  зголемени приходи од ДДВ за државата.

Трговски став

Јованка Трајкова, маркетинг-специјалист во „Рептил"

Ја поздравуваме иницијативата на Стопанската комора на Македонија за укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохол, како и за отстранување на временското ограничување на продажбата на алкохолните пијалаци. Сметаме дека ова е позитивен чин, од кој придобивки ќе имаат не само трговците, туку и потрошувачите.

Добивањето нова лиценца за продажба на алкохол, како и продолжувањето на важноста на веќе извадена лиценца, со себе повлекуваат големи трошоци, а од продажбата на алкохолни пијалаци се остварува само мал дел од вкупниот промет. Временското ограничување за продажба на алкохолните пијалаци, исто така има негативно влијание и ја поттикна сивата зона на продажба и по временското ограничување, што нас, како трговци кои ја почитуваат и ја спроведуваат законската регулатива, нè става во многу неповолна положба.

Со симнувањето на законските обврски за поседување лиценца за продажба на алкохол, би биле ослободени од голема финансиска обврска, а ќе се подобри и конкурентноста на пазарот.

Како трговци, ќе ја почувствуваме главната придобивка од симнувањето на законските обврски за поседување лиценца за продажба на алкохол, затоа што би биле ослободени од една голема финансиска обврска. Покрај таа придобивка, ќе се подобри и конкурентноста на пазарот, затоа што сите трговци што вршат продажба на алкохолни пијалаци, ќе ги продаваат под еднакви услови и ќе се елиминира досегашната можност за злоупотреба на продажбата од трговци што не поседуваат лиценца или, пак, вршат продажба на алкохолни пијалаци и по законското ограничување. Од друга страна, ќе се зголеми задоволството кај потрошувачите со тоа што ќе им биде овозможено да бидат услужени во кој било дел од работното време, а ние како трговци, ќе ја оствариме нашата приоритетна цел – задоволни купувачи.

Трговски став

Бојан Михајлов, еден од сопствениците на маркетите „Ралекс"

Временското ограничување за продажба на алкохолни пијалаци е тема што често беше дискутирана меѓу купувачите. Речиси секогаш, ние трговците бевме виновни затоа што не сме направиле исклучок, бидејќи се работело за пијалак наменет за подарок или „само едно пиво, за гости". Бидејќи честопати пијалакот на купувачите им бил неопходен, тие одлучувале да го купат на црно, но и да се налутат на нашите продавачи бидејќи не им била направена услуга, односно не бил прекршен законот.

Бидејќи честопати пијалакот на купувачите им бил неопходен, тие одлучувале да го купат на црно, но и да се налутат на нашите продавачи бидејќи не им била направена услуга, односно не бил прекршен законот.

Искрено, верувам дека исто како и во нашите објекти, така и во другите продажни објекти во земјава, прометот остварен од продажба на алкохолни пијалаци се намалил, а со тоа и добивката од таа група производи. Покрај тоа што добивката е намалена, лиценците станаа голем товар, особено за компаниите со повеќе од три продажни објекти, бидејќи покрај лиценцата за секој објект поединечно, плаќаме и 0,05% од вкупно остварениот промет. Тоа многу го отежнува работењето на компаниите и е обврска што веројатно ја игра својата улога во ценовната политика.

Доколку иницијативата успее, ќе се зголемат бројките, кои за нас како компании се особено важни. Генерално, сите знаеме дека може да се набави алкохол во кое било време, и покрај тоа што постојат забраните, и дека таквата продажба се одвива на црно, што влијае и на намалување на акцизата што државата би ја добивала доколку продажбата би била легална во кое било време.


 
 
 
 
back to top